Нов циркус на Џанмарко Поцеко

Француски АСВЕЛ конечно ја забележа првата победа во Евролига после серија од 18 порази по ред во овој турнир што е негативен рекорд. Џанмарко Поцеко е нов тренер на екипата, а Италијанецот синоќа после триумфот 88-91 на тешкото гостување кај Жалгирис направи шоу.

Творци на победата на АСВЕЛ беа Луваву Кабаро со 19 поени, Јусуфа Фал додаде 15 поени а Де Коло запиша 13 поени. Кај Литванците Томас Димша постигна 21 поен и беше најефикасен на мечт, Кинан Еванс уфрли 10 поени со 7 асистенции а Едгарас Улановас стигна до 14 поени. АСВЕЛ после шест кола има 1 победа и 5 порази и е последна на табела. 

3 ноември 2023 - 09:22