Никола Јокиќ го разби Феникс, но шоуто го украде ќерка му

Со уште една фантастична партија, српскиот репрезентативец го разби силниот Феникс Санс во полуфинале на Западната конференција. Неговите Нагетс сега водат со убедливи 2-0 по триумфот 97:87 во кој Јокиќ постигна страшни 39 поени со 16 скока и пет асистенции, две украдени топки. Ама шоуто на крај ѝ припадна на ќерка му Огњена.

По крајот од дуелот, ќерка му на Јокиќ му покажуваше прст на кој носи прстен и тој одговори исто, симболично како шампионски прстен во НБА:

За разлика од сите претходни натпревари кога имаше огромна поддршка од Џамал Мареј, овојпат таа му изостана. Плејот промаши дури 10 од 11 шута (0/7 за три) па Јокиќ играше практично сам.

Покрај Никола, двоцифрени кај Денвер беа уште и Гордон со 16 поени, Кентавиус Колдвек-Поуп со 14 поени и 5 скока и Џамал Мареј со 10 поени, 4 скока и 8 асистенции.

Серијата сега се сели во Феникс каде Нагетс ќе одат со 0-2 и ќе се обидат да направат брејк.

https://youtu.be/VBS6ClDzMRw

2 мај 2023 - 10:06