Многу НБА кошаркари се единствени во ставот дека најтешко за игра им е во Јута, против Јута Џез, особено кога е полна сала и кога врие како во котел, посебно во плејоф. Има и зошто.
Државата Јута е расположена во централно-западниот дел од САД во реонот Rocky Mountains (Карпести планини). Согласно пописот на населението од 2017-та, околу 90% од жителите се белци (вклучувајќи ги тука и испано-говорителите), а црнци има едвам над 1% (во просек по 12% по држава) и ова ја прави Јута „најбел“ субјект во Америка.
Втора особеност на Јута е сеопштата религиозност. Повеќе од 60% од граѓаните принадлежат на Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежни дни (Мормонизам - познати по својот конзервативизам и нетрпеливост кон многу современи културни трендови).
Ова опкружување не е посебно привлечно за младите Афроамериканци, во таа смисла и кошаркарите од НБА кои веќе се навикнати на живот во поголеми афроамериански заедници во други држави во Америка.
Ветеранот Дарел Грифит (62) кој цела своја кариера играл во Јута Џез, еднаш раскажал случка од Солт Лејк Сити за време на неговата прва сезона во НБА.
„Тргнав кон најблиската пумпа до мотелот за да купам вода и видов како еден црнец застана со Кадилак. Тргнав кон него за да дознаам каде може да сретнам други црнци.
„Хеј, здраво другар, од скоро сум во градов и играм за Џез. Просто сакав да те прашам само каде да ги најдам останатите браќа (црнци)?
- Слушај другар, само што свртев од автопат да ставам гориво. Од Калифорнија сум. Среќно со овие тука“.
Најголем договор во клупската историја Јута Џез досега направила со Карлос Бузер (70 милиони долари за 6 сезони потпишан во 2004-та година).
Јута Џез воглавно се прослави на крилата на Карл Мелоун и Џон Стоктон и епските битки против Чикаго на Мајкл Џордан. На страна поразите од најголемиот на сите времиња, ќе се запознаеме со тројца играчи кои доживеале најголема мормонска омраза.
ВЕРНОН МАКСВЕЛ НАЈДОБРО ЌЕ ВИ КАЖЕ
Вернон Максвел, попознат и како „лудиот Макс“ бил играч со исклучително гаден карактер. Но тоа што бил експлозивен и многу незгоден не го спречило да освои две шампионски титули со Хјустон на Хаким Олајџувон.
Бекот Максвел бил избран во втора рунда на драфтот во 1988 година. Денвер Нагетс брзински го трампале во Спарс а после пола година Максев потпишал со Хјустон Рокетс каде поминал шест најдобри сезони во кариерата.
Во победничкото финале во 1994-та Максвел беше еден од водечките играчи на Хјустон и втор стрелец на „Ракетите“. Но веќе следната година кога Хјустон пак беше фаворит за титула, Вернон добиваше помалку време кое го доби Клајд Дрекслер.
Поради ова Максвел самоволно ја напуштил екипата за време на првата рунда од плејофот. Во останатите шест години кариера, Вернон Максвел сменил осум клуба во НБА а го паметат само по тепачката што ја направил на сред трибина во Портланд
Во еден момент нешто му светнало во глава да се закачне со навивачите на Џез и жителите на Јута на социјалните мрежи.
Прво објавил видео со натпис на кое се гледа како млади деца не можат да погодат ни цела табла, а не обрач. Напишал:
„Ова е причината поради која сум во Јута. Одлучив да понудам бесплатна кошаркарска клиника на најдобрите млади шутери во државата во обид да ги подобрам односите со навивачите на Јута. Ова се најдобрите шутери што таа држава може да ги понуди“.
So here is the reason I’m in Utah. I decided to offer a free clinic to the best young shooters in the state as a truce to try and mend my relationship with Utah fans. Here are the best shooters the state had to offer.... pic.twitter.com/ziJgaFP8En
— Vernon Maxwell (@VernonMaxwell11) January 28, 2020
После „им се извинил“:
„Сакам да се извинам пред навивачите на Јута Џез кои се повредени од мојата изјава. Да знаев дека во Јута има интернет немаше збор да напишам“.
Во моментов Јута Џез е прва екипа во Западната конференција со најмногу победи и порази, но Максвел вели дека немаат шанси да стигнат до титулата.
На прашањето зошто толку им е наапана, Вернон вели:
„Вие, скотови од Јута мислите дека живеете во моја глава? Да, вистина е. Во текот на 13 сезони секој пат кога доаѓав да играм таму, ме плукавте од зад грб, ме вреѓавте и урлавте расистички извици. Го загрозивте животот на моите деца. Така што се сум собрал во глава. Вашата држава е најзлобно место за играње баскет“.
ДЕРЕК ФИШЕР - ОД ХЕРОЈ ДО ДУШМАН ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ
Навивачите на Јута Џез го засакале Дерек Фишер уште од почеток на сезоната 2006/2007. Во тој момент 32-годишниот ветеран веќе имаше три шампионски прстени со Лејкерс и на Јута требаше да ѝ донесе потребно искуство зошто екипата од 2003 не играла во плејоф.
Фишер брзо се адаптирал на двајцата носители на играта и ѕвезди на клубот Дерон Вилијамс и Карлос Бузер и од старт одигра 61 од вкупно 82 меча во регуларниот дел.
Заедно со Дерек Фишер екипата не само што влезе во плејоф туку и го постигна најдобиот резултат уште од време на Карл Мелоун и Џон Стоктон: стигнаа до финале на Западна конференција.
Но Фишер не го доби статусот херој поради пласманот на Јута во финале, туку поради односот на теренот.
Ама тиквата брзо пукнала.
Пред почетокот на вториот меч од втората рунда на плејофот против Голден Стејт (Game 2), Дерек Фишер не можел да стигне на време на натпреварот.
Неговата 11-месечна ќерка Тејтум правела операција за отстранување на ретинобластом - малиген тумор на очната мрежа. Зафатот бил во Њујорк и нормално Дерек бил таму со семејството.
Операцијата траела повеќе од три часа и веднаш по завршувањето Дерек Фишер се качил на авион и тргнал назад за Солт Лејт Сити. Стигнал на клупата за резерви за време на трета четвртина и мислел дека малку ќе одмори, но...
Дерон Вилијамс го заработил четвртиот фаул а неговата замена Ди Браун се повредил па Фишер морал да влезе во игра. Голден Стејт се вратил на -1 поен разлика.
Фишер успеал да се фокусира на мечот, одиграл и пар добри напади и бил главен во продолженијата каде Јута победила.
Џезерите во следна рунда ги чекал идниот шампион Сан Антонио.
Веднаш по серијата со Голден Стејт, Дерек Фишер побарал од управата да го раскинат договорот за да може на мир да биде со болната ќерка во Њујорк.
„Одлуката не беше лесна. На прво место за мене се ќерка ми и семејството. Го направив тоа што би го направил секој друг татко на мое мето за детето да има целосна помош и поддршка. Тоа значеше дека морам да ја оставам работата и да претрпам финансиски удар“, се сеќавал Фишер на тој период.
Управата му излегла во пресрет но по само неколку дена Фишер потпишал 3-годишен договор со ЛА Лејкерс. Навивачите на Јута биле бесни и сметале дека Дерек ја измислил болеста на детето само за да побегне од Јута.
Во новата сезона ЛА Лејкерс беа главен фаворит за титулата (2007/2008) и завршија на прво место на Зпадот (Феникс беше втор).
Во втората рунда од плејофот Лејкерс се сретна со Јута Џез. „Езерџиите“ без поголеми проблеми ги добија првите два меча од серијата, но во Солт Лејк Сити ги чекал пекол.
Навивачите урлале, салата вриела како котел. Најнавредуван бил Коби Брајант кого му викале „силувач“ и го исвиркувале секој гостински напад.
Но најболен момент бил при слободни фрлања на Дерек Фишер. Бекот седум пати застанал на линијата за слободни и секој пат цела сала викала „рак, рак“, а некои навивачи и со рака покривале едно око. Запрепастувачки.
РАСЕЛ ВЕСТБРУК, НАЈНАВРЕДУВАН НБА КОШАРКАР ВО ЈУТА
Расел Вестбрук ем што важи за еден од најдобрите кошаркари, тој меѓу соиграчите е сметан и за најзабавен лик за атмосферата.
Но тоа не им сметало на навивачите на Јута изненадно и неочекувано да го гледаат како најголем непријател.
To Russell Westbrook’s defense, here is even further proof of his previous interactions with Utah Jazz fans. In this video, @russwest44 is called a “boy” by a Jazz fan ahead of Game 4 of OKC’s first-round playoff series against Utah on April 23, 2018 at Vivint Arena. pic.twitter.com/lc6slA7fTo
— Eric Woodyard (@E_Woodyard) March 13, 2019
После поразот во првата рунда од плејофот во сезоната 2017/2018, Расел се спречкал со навивачи на Јута
После објаснил:
„Немав проблем со навивачите, тие имаа со мене. Тука во Јута од навивачите можеш да слушнеш еден куп навреди и никакво уважување. Ви вреѓаат семејство, деца. Целосна непочит во играта. Мора нешто да се преземе во врска со ова. Веќе се уморив од фактот да излезам на терен, да играм, навивачите да вреѓаат со се што ќе посакаат. Јас сум против тоа. Да сум на улица, не би можеле да ми пријдат и да ми кажат нешто вакво. Затоа ова срање мора да прекине со време. Време е да ја сопрете оваа ситуација да кажуваат што сакаат. Посебно овде во Јута“.
Во 2019 пак го вреѓале душмански па им враќал:
Things get heated between Russell Westbrook and Utah Jazz fans again. “I’ll f*ck you up. You and your wife,” he says. Not sure what these fans said to him, but he also had issues with Jazz fans during the postseason. pic.twitter.com/LquwRmLVNy
— Eric Woodyard (@E_Woodyard) March 12, 2019
Поради ова лигата го казнила 25.000 долари.
Расел раскажал што се случило:
„Млад човек и жена му од трибини ми викаа клекни на колена како што си навикнат да клекнуваш. Ова е многу навредливо за мене. Мислам дека е расизам. Просто недопустливо е играчите да не бидат заштитени од тоа“.