На тој меч меѓу Денвер Нагетс и Јута Џез, 5 минути доби и Иш Смит. Со тоа што се појави на паркетот тој стана рекордер по бројот на франшизи за кои настапил во НБА - 13 разни клуба!
Иш Смит во летото 2010 како 22-годишен плеј од универзитетот „Вејк Форест“ се пробил до летната лига каде играл за Хјустон Рокетс. Дерил Мори му понудил договор на талентираниот Смит. Но тој кратко се задржал во Хјустон и заминал за да во 2014-та повторно се врати меѓу „ракетите“.
Во меѓувреме, во дедлајнот 2011-та Иш Смит бил дел од трампата за Шејн Батје во Мемфис и пик од првата рунда на драфтот. Но пред почетокот на сезоната Смит не добил уверување дека ќе игра, настапил по некоја минута на 15 натпревари.
Потоа заминал за Голден Стејт Вориорс како бек-ап, резерва на Стефон Кари. Кога Кари се повреди, Вориорс го потпишале Нејт Робинсон така што Иш имал негарантиран договор и го отпуштиле после само 6 меча.
Патот од таму го носи во Орландо Меџик и во сезоната 2012/2013 конечно си нашол раат. Одиграл 56 натпревари помалку или повеќе. Во 2013-та во дедлајн преодниот рок се преселил во Милвоки во рамки на трампата со Џеј Џеј Редик и Тобајас Харис. За Бакси запишал 16 настапи.
Од Милвоки резервирал авионски билет за Феникс каде Санси решиле да му дадат шанса и тој за првпат во една цела сезона одиграл за една екипа. Може да се пофали со 70 средби за Санси таа сезона. Но летото одново станал слободен агент.
Таквата можност ја искористила Оклахома Сити која му понудила договор во 2014-та па Иш Смит добивал по 5 минути на 30 меча во сезоната. Во дедлајн преодниот рок 2015-та му стигнал повик од Њу Орлеанс но таму исто повеќе ја греел клупата и мавтал со пешкири отколку што иргал.
До крајот од 2015-та и цела 2016-та бил член на Филаделфија ’76 каде имал 25 меча во првата и 50 настапи во втората година. Потпишал договор и со Вашингтон Визардс каде конечно после долги патешествија станал стартер.
Патот за филм го води во Детроит Пистонс (2016-2019, 219 меча), во Шарлот Хорнест (37 меча во 2021/2022) и сега во Денвер Нагетс (1 меч за сега а ќе има уште).
Во Нагетс Иш Смит стигнал во рамки на размената Колдувел-Поуп-Вил Бартон-Монте Морис. И официјално стигна во 13-та екипа во кариерата. Дебитираше за Денвер во првиот меч од сезоната и постави рекорд.