Моќни кадри од аеродромот во Париз од бандата која тешко дека некој ќе ја победи

Србија, Јужен Судан и Порторико им се противници на Американците на Олимписките игри. Не мора да го гледаат клипот од нивното пристигнување.

САД на Олимписките игри ќе се претстави со најјаките, кои во Париз слетаа со една цел, а тоа е златниот медал.

Ростерот од 12 играчи вели вака: Бам Адебајо (Мајами Хит), Девин Букер (Феникс Санс), Стефон Кари (Голден Стејт Вориорс), Ентони Дејвис (Лос Анџелес Лејкерс), Кевин Дурент (Феникс Санс), Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс), Џоел Ембид (Филаделфија 76ерс), Тајрис Халибартон (Индијана Пејсерс), Џру Холидеј (Бостон Селтикс), Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Дерик Вајт (Бостон Селтикс).

Во прашање се 10 играчи со олимписки златни медали од вкупно 12 кошаркари. Кевин Дурент е трикратен освојувач на златен медал, Леброн Џејмс е најдобар стрелец на САД на сите времиња, плус двократен освојувач на златен медал, а Бам Адебајо (2020), Девин Букер (2020), Ентони Дејвис (2012), Џру Холидеј (2020) и Џејсон Тејтум (2020) имаат освоено по еден златен медал.

Севкупно, САД во Париз однесе 12 НБА ол стар играчи, четворица МВП од регуларниот дел на сезоната и шест НБА шампиони.

Дел се од групата Ц во друштво на Србија, Јужен Судан и Порторико. Понатаму одат првиот и вториот, плус двете најдобро третопласирани.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат на стадионот „Пјер Мауро“ во Лил, а првиот меч им е против Србија на 28 јули во 17:15 часот.

25 јули 2024 - 11:13