Мајстории на Џамал Мареј и Јокиќ за 9-та победа по ред

Во НБА веќе постои термин „Сомбор дабл“ за учинок кој подразбира дека во една статистичка категорија недостасува еден поен, еден скок или една асистенција за трипл-дабл. Наречена е по Никола Јокиќ кој синоќа во победата на Денвер Нагетс по којзнае кој пат за само една асистенција или еден скок не направи нов трипл-дабл.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Денвер Нагетс го совлада Шарлот Хорнетс 129:115. Никола Јокиќ имаше 29 поени, 17 скока и девет асистенции. За само една асистенција за малку ќе имаше нов трипл-дабл.

Покрај Никола Јокиќ, врвна вечер имаа уште и Џамал Мареј со 34 поени, Арон Гордон со 18, Ступтер со 16 поени и Кристијан Браун со 10 поени.

Ова беше 9-та победа на Денвер Нагетс по ред и сега се искачија на 2. место во Западна конференција.

Дурент до Јокиќ на Олимписките игри: „Цел ден пиете вие“

 

21 февруари 2025 - 10:28