
Денвер Нагетс од почеток на сезона игра топло-ладно, нанижа неколку порази поради кои тренерот Мелоун и лидерот Јокиќ беа револтирано, но сиот бес синоќа го искалија врз Атланта Хокс на нејзин паркет.
Никола Јокиќ од старт на дуелот доминираше па го заврши натпреварот на крај со 48 поени, 14 скока, осум асистенции и три украдени топки. Погоди 17 од 29 упатени шута.
Јокиќ ја шокираше салата на домашните кога погоди од пола терен пред финишот на првиот дел.
Joker with a game-high 25 points at halftime
— Denver Nuggets (@nuggets) December 9, 2024
25 PTS / 9 REB / 4 AST pic.twitter.com/sr4FQY4hIF
Покрај Јокиќ конечно заиграа и неговите соиграчи па така Мајкл Портер јуниор имаше 26 поени, Кристијан Браун имаше 17 а Расел Вестбрук имаше девет поени и 11 асистенции.
Кај поразените Хокс Хантер стигна до 20 поени, Денијелс додаде 18, Ненс 16 а Оконгву имаше 14 поени на своето конто.
Во моментов Денвер Нагетс има учинок од 12 победи и 10 порази, а Атланта Хокс има 13-12.