Леброн Џејмс сакаше да го тепа Дилон Брукс

Познат како најголемиот провокатор во НБА лигата, Дилон Брукс кој игра за репрезентацијата на Канада и за Феникс Санс, синоќа по којзнае кој пат го испровоцира Леброн Џејмс. Лос Анџелес Лејкерс ќе прокоцкаа голема предност, во финишот Дилон Брукс со неколку поени го донесе Феникс во водство но на крај Лејкерс славеа победа 116-114. Канаѓанецот на крајот го изнервира Леброн во неколку наврати.

Прво во третата четвртина после еден аут, Леброн и Дилон влегоа во клинч, Џејмс му се пушти па судиите го смируваа:

Кога натпреварот влезе во драма, ЛА Лејкерс во последните 40 скунди влегоа со +4 поени предност но Брукс со тројка донесе пресврт а после погодената тројка му се внесе во лице на Леброн и силно го оттурна поради што доби техничка грешка.

Леброн погоди две од трите слободни фрлања на крајот по фаул направен над него при обид за три поени, и на крај Лејкерс конечно победија.

Лука Дончиќ беше најефикасен играч со 29 поени, шест асистенции и три скока, Леброн Џејмс уфрли 26 поени со четири асистенции и три скока, а Деандре Ејтон имаше дабл-дабл со 20 поени и 13 скока.

15 декември 2025 - 09:47