Кармело Ентони за Богдановиќ: „Сакав да му аплаудирам ама не можев“

Големиот Мело Ентони од прв ред го следеше спектаклот САД - Србија во полуфиналето на Олимписките Игри во Париз. На моменти, на секоја уфрлена тројка или двојка, Богдан Богдановиќ ја имитираше култната прослава на Кармело со гест со рака на глава. Тоа на Мело му се допадна, го сфати на убав начин и после Игрите раскажа дека дури и сакал искрено да му аплаудира на Србинот.

„Тој (Богдан) е мој човек. Не, не беше (непочит). Беше во реално време, се случуваше права работа. Ми се допадна како играше, бев во фазон „добар шут Богдан“, „Тоа ми се допаѓа“, „Те гледам“. Значи, тоа беше повеќе почит, знаете...

Ценам што ја заземате мојата страна, но тој само покажуваше љубов. Тоа беше восхит. Јас како навивач сакав да му аплаудирам кога ги погоди тие тројки. Сакав да навивам, но повторно не можев да покажам емоции, истакна големиот Кармело“.

После големиот дуел кој вечно ќе се памети, Кармело и Богдан се гушнаа и срдечно се поздравија. 

16 август 2024 - 15:28