Српскиот репрезентативец сезонава пропушти 16 натпревари поради повреда на коленото која ја доживеа на крајот од декември на дуел против Мајами. Вели дека процесот на опоравување му бил интересен зошто претходно никогаш не бил повреден.
„Тоа беше потполно нов момент во мојата кариера. Толку навикнав да играм и да бидам на терен што имав чувство како нешто да пропуштам“, вели Сомборецот.
Едно од прашњата на Малики се однесувало и на неговата репутација на некој кому не му е многу до кошарка, посебно после неговата легендарна изјава по крајот на НБА финалето кога стана шампион дека „работата е завршена“ и „дека може да си оди дома“.
„Ми значи (кошарката). Ако не ти значи не треба ниту да бидеш во овој спорт. Можеби е мојата личност малку поинаква и ги прифаќам победите и успехот поинаку од другите, но ми значи кошарката и сакам да играм кошарка. Уживам во натпреварувањето. Можеби само успеси и неуспеси доживувам понаку“, вели Јокиќ.
Join us in wishing Nikola Jokić of the @Nuggets a HAPPY 31st BIRTHDAY! pic.twitter.com/OQESm7k0PB
— NBA (@NBA) February 19, 2026
Неизбежна тема биле коњските трки, а посебно култната видео снимка кога Јокиќ невообичаено емотивно (со солзи) славеше една победа на неговото грло.
„Беше тоа цел процес зошто тој коњ стигна и требаше да биде добар. Пред тој натпревар не се тркаше баш најдобро, а потоа победи на веројатно една од најдобрите трки во Србија. Едноставно бев пресреќен во тој момент“, вели Србинот.
Водителката вели дека се наметнува вечното прашање дали попрво би избрал победа на коњска трка или НБА шампионски прстен, одговорот очекувано беше: прстен во моментов.
Минатата сезона шампион стана Оклахома Сити Танде а Јокиќ верува дека неговиот тим не можел да спречи елиминација во доигрувањето.
„Да можевме ќе го сторевме тоа уште минатата година. Имавме прилика. Поточно имавме две прилики. Не ги искористивме а по мое мислење тие ја играа најдобрата кошарка во сезоната и затоа и го освоија првенството. Ние покажавме дека имаме длабочина во екипата, но кога ќе доје доигрувањето за титула секогаш решаваат ситни детали - кој сака повеќе или дали погодуваш или промашуваш шутеви“, рекол Јокиќ.
Тој има 31 година а новинарката ја интересирало да праша и колку долго уште планира да игра.
„Искрено мислам дека ќе играм кошарка додека можам да играм, додека можам да играм на високо ниво. Уживам во тоа, сакам да играм. Мислам дека ќе играм додека можам да настапувам на високо ниво, додека уживам во играњњето и додека здравјето ме служи“, заклучил Никола Јокиќ.