Харден сам, без Ембид го стокми Бостон со 45 поени

Кошаркарите на Филаделфија го совладаа Бостон на гости 119:115 и направија брејк на почетокот на полуфиналната серија на Исток. Главен јунак кај Севентисиксерс, во отсуство на кандидатот за МВП Жоел Ембид, беше Џејмс Харден кој одигра неверојатна средба со 45 поени и 6 асистенции.

Покрај него Тајрис Макси додаде 26 а Тобајас Харис 18 поени. Кај Селтикс Џејсон Тејтум запиша 29 поени со 11 скока, Џејлен Браун 23 поени а Малколм Брогдон 20.

Дуелот Бостон - Филаделфија беше во резултатски егал речиси од почеток до крај кога Харден реши да ја преземе работата во свои раце и покаже зошто е меѓу Топ5 играчи во НБА во последните неколку сезони. Харден ја уфрли и решавачката тројка на 8,7 секунди пред крај кога се одлучи победникот.

Вториот натпревар меѓу овие два тима се игра во ноќта меѓу среда и четврток а Бостон пак ќе игра пред своја публика, пред серијата да замине за Филадефлија.

Жоел Ембид се повреди уште на 3-от натпревар од претходната плејоф рунда против Бруклин Нетс и за очекување е наскоро да се врати во погон.

 

2 мај 2023 - 10:22