Грубиот и намерен удар на Грк од ПАО против Партизан

Партизан го одигра најдобриот натпревар на сезоната а Панатинаикос најлошиот на сезоната. Црно-белите славеа убедливо 78-62 и го забележаа 9-от триумф сезонава. Имаат и 18 порази и практично се отпишани од борба за доигрувањата. Панатинаикос губеше скоро во текот на целиот натпревар па кога се виде дека ќе изгубат, тренерот Атаман стави резервисти. Никос Рогавопулос се посрамоти откако во еден момент намерно со раме го удри Аријан Лакиќ и доби исклучување.

Панатинаикос сега е на 8-мо место со 16 победи и 11 порази но сигурно ќе падне некое место подолу зошто има натпревар повеќе од екипите кои своите дуели ги играат вечерва. Партизан е 17-ти од 20 тима со учинок 9 победи и 18 порази.

6 февруари 2026 - 11:03