Вејд е трикратен НБА шампион, а пред „Касеја Центар“ арената ќе добие статуа за заслуги за шампионскиот Хит. Овој клуб првпат се појави во НБА во 1988-ма година а трите шампионски титули беа дело на генерации чиј лидер беше токму Двејн Вејд. Неговиот број 3 е повлечен од употреба и кренат под сводовите на арената.
Од 16 сезони во НБА, Двејн Вејт дури 15 ги играше во дресот на Мајами. Беше МВП на Ол-Стар на кој настапи дури 13 пати, беше два пати биран во тимот на годината, освои златен и бронзен медал со САД на Светско првенство и Олимписки Игри.
Минатиот јануари првиот човек на клубот, Пат Рајли соопшти дека првата статуа во историјата на Мајами Хит ќе биде посветена на Вејд, ќе биде отворена на 27-ми октомври во пресрет на мечот со Детроит Пистонс на отворање на сезоната. Ќе зборува Вејт а дента ќе се одбележат точно 21 години од неговото деби во НБА.
Како и за секој сличен настан во САД, така и за овој ќе се продаваат влезници а почетокот на продажбата на карти е закажан за 30-ти септември, со ограничени места.
Легендарниот Вејт одиграл 1.054 натпревари во регуларната сезоната на НБА со дури 909 меча како стартер. Постигнуваше во просек по 22 поени по натпревар со 4,7 асистенции и 4,7 скока, 1,54 украдени топки.
Стигна до 20.000 постигнати поени, 5.000 асистенции, 4.000 скока, 1.500 украдени топки, 800 блокади и 500 погодени тројки со што се приклучи на вечната листа на која се Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.
На 12. август 2023-та беше внесен во Куќата на славните во Најсмит.