Ергин Атаман лут и бесен што го навредуваат Турци

Трофејниот турски тренер кој има 3 шампионски титули во Евролига е на мета на ривалските навивачи кога игра во Турција како тренер на Панатинаикос. Ергин Атаман синоќа гостуваше со ПАО во салта „УЛКЕР“ и го победи Фенербахче 81:77.

Во текот на натпреварот илјадници навивачи на Фенербахче го навредуваа селекторот на Турција кој им беше голем ривал додека го водеше Анадолу Ефес во борбите за тронот на турската лига.

59-годишниот Атаман бил „дочекан на нож“ зошто во минатото беше тренер и на Галатасарај и на Бешикташ.

„Не сфаќам зошто но 10.000 необразувани навивачи на Фенербахче почнаа да и скандираат на мојата 88-годишна, образована мајка“, рекол Атаман видно лут после натпреварот на кој вулгарно го навредувале навивачи на Фенербахче.

Во негова одбрана застанале и одличните турски репрезентативци Џеди Осман и Омер Јуртсевен. Во соблеквална Ергин Атаман им кажал на сите останати кошаркари на Панатинаикос дека овие двајца, Џеди Осман и Јуртсевен можеле да разберат што се скандирало во Истанбул и им се заблагодраил на играчите што одговориле со победа.

Атаман одамна е во лоши односи со навивачите на Фенербахче кои еднаш за време на Фајнал Фор во Берлин дојдоа пред хотелот каде престојуваше Панатинаикос и го навредуваа Атаман после што овој збесна и влезе во конфликт со сите во хотелот:

Лошо искуство Атаман имаше и при едно од првите враќања во Ефес како тренер на Панатинаикос. По некои негови протести на судиски одлуки, навивачите на Анадолу Ефес го исвиркуваа а тој бесен им покажуваше два прста за двете шампионски титули во Евролига кој им ги донесе:

„Тренерот беше вознемирен. Слушнав што му викаа, знам. Такви скандирања да му упатат на тренерот кој е и селектор на репрезентацијата (на Турција)... Многу грд момент“, рекол 30-годишниот Џеди Осман за грчкиот канал Нова.

17 декември 2025 - 10:53