„Медисон Сквер Гарден“ служи како дом за Њујорк Никс, хокеарскиот клуб Њујорк Ренџерс и кошаркарскиот колеџ тим Сент Џон Ред Сторм од NCAA.
Во „Криптоком Арена“, некогашниот култен „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес играат Лејкерс, Клиперс, хокеарскиот клуб Кингс и женската НБА екипа Лос Анџелес Спаркс.
Оттука јавноста отсекогаш се интересирала како е можно да се организираат толку многу настани, со толку многу луѓе, за толку кратко време?
ШТО Е ТОА DOUBLEHEADER И ЗОШТО Е ТОЛКУ ВАЖЕН?
Doubleheader е ситуација во која два клуба од Лос Анџелес играат дома во размак од пар часови. За тоа време работниците во Арената се должни во целост да го сменат паркетот и целата придружна опрема од теренот (банери, бои, симболика, седечки места и ред други работи).
На крајот од регуларната сезона во НБА пред пар недели, „Криптоком Арена“ одбележала јубилеј: 250 Doubleheader во историјата (играа Клиперс против Блејзерс и хокеарите Кингс против Евеланш). Во чест на тоа официјалниот профил на арената сподели интересна иконографика со многу интересни детали за феноменот на домашниот терен за дури четири тима од Лос Анџелес.
Плус уште една бројка на јубилејната додале минатиот викенд, кога во саботата ЛА Клиперс го пречекале Феникс Санс, а ЛА Лејкерс Мемфис Гризлис. Притоа Кингс одиграле хокеарски дуел во петокот против Едмонтон Ојлерс.
„Ова е плејоф, сите сме како на игли. Ова е најнервозно време во годината зошто немаме претстава дали ќе играме следната недела. Треба да чекаме и да ја следиме секоја серија за да сфатиме која екипа во кое време ќе игра дома. Притоа треба да се знае дека оваа година е посебна: ова е само трет случај во историјата кога сите три клуба, два кошаркарски и еден хокеарски истовремено влегоа во плејофот.
Така што ние сме во режим на зголемена готовност“, вели шефот на „Криптоком Арена“ за техничко опслужувања Игнасио Гуера под кого има спремен тим од 90 луѓе.
Thanks you to all the men and women who have made 250 doubleheaders possible! pic.twitter.com/JpLbFuIlnm
— Crypto.com Arena (@cryptocomarena) April 11, 2023
Последен пат ваква масовна експанзија во Арената кога лос анџелеските клубови играле плејоф се случила во 2012-та. Тогаш ЛА Клиперс во втората рунда изгубиле 4-0 од Сан Антонио Спарс, а Лејкерс не стигнале ни до втора рунда зошто со 1-4 ги демолирала Оклахома. Но затоа хокеарскиот клуб Кингс не само што стигнал до финална фаза каде играле против Њу Џерси Девилс туку и го освоиле првиот златен Стенли Куп во клупската историја по триумфот од 4-2.
Тогаш во 2012-та екипите играле шест меча на домашен терен во само четири дена. Вработените во „Стејплс Центар“ не само што морале да менуваат еден паркет за друг, туку морале и брзински да местат мраз за хокеј.
На пример, за да се избегне гужва во пресрет на натпреварите, клубовите ги замолиле навивачите да доаѓаат порано. Во знак на благодарност за оние кои го испочитувале апелот, добиле бесплатни крофни, кафе и сувенири.
Но ова не ги спасило работниците во Арената од забрзано извршување на на нивните директни задолженија, иако делумно им ја олеснило задачата.
Хипотетички сегашниот влез на терен за сите три тима може да стане уште поуникатен - зошто ако еден од клубовите стигне до клучната фаза од плејофот и опстане во игра до 19-ти мај кога Лос Анџелес Спаркс (женскиот НБА тим) ја отвората сезоната, ќе биде циркуз.
КАКО ИЗГЛЕДА ПРОЦЕСОТ И ВО ШТО СЕ СОСТОИ?
Игнасио Гуера, шефот на тимот од 90-ина луѓе кои деноноќно неуморно работат во Арената во Лос Анџелес, вели дека работничките бригати во организација на Doubleheader мора да се синхронизирани на ниво на балетни групи.
Само што еден тим го завршува мечот, работниците стојат од страна во коридорите. Процесот на демонтажа на еден паркет за друг ја извршуваат 50 до 60 работници во просек за 90 минути.
Ако менуваат кошаркарски паркет за хокеарски мраз или хокеарски терен со мраз за кошаркарски паркет, времето се зголемува од 90 на 120 минути.
Мразниот терен на „Криптоком Арена“ на кој игра хокеарскиот тим Кингс се замрзнува еднаш годиншо и за време на кошаркарските натпревари е покриено со специјална анти-кондензаторна изолација и дрвен под.
Секое парче раз тежи околу 41 килограм, а повеќето елементи се во размер од 1,2 на 2,5 метри со исклучок на закривените делови на аглите.
Сите делови се вклопуваат заедно како сложувалка.
Кога Doubleheader вклучува чисто кошаркарски дуели, тоа им ја прави задачата полесна на работниците, но не дека можат да се опуштат зошто има премногу детали.
ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс не само што имаат различен паркет направен од различни видови дрво, туку и различни димензии на паркетот, различна конфигурација на седиштата за навивачите, различни маси за судиите и делегатите, различни табли за резултати, различни конструкции за кошевите.
Деловите од кои е склопен паркетот се речиси идентични како облогата која што го покрива мразот. Станува збор за елементи до димензии 1,2 на 2,5 метри но тежат прилично многу.
Doubleheader значи и задолжителна генерална проба. Пред петочниот натпревар на хокеарите од Кингс, група од 25 луѓе работеле ноќна смена и поминале 7 часа подготвувајќи се за хокеј спектаклот од плејофот и за она што ги чекало: претворање на хокеарското лизгалиште во кошаркарско игралиште.