Да видиш ти кога ќерка навива за Чикаго Булс, тимот на тато

На меч од НБА плеј-ин, Чикаго Булс направи огромен пресврт против Торонто Репторс и славеше 109-105. На овој начин Булси ја поминаа првата рунда. Интересно главен лик на средбата беше Дајар Дерозен, 9-годишна ќерка на ѕвездата на Чикаго Булс Демар Дерозен.

Демар Дерозан не ја носел често со себе ќерка му на натпреварите, а овојпат ѝ дозволил да отсуствува од школо и да дојде.

Дајар Дерозен сега стана хит на социјалните медиуми откако се појави видео на кое се гледа како вреска секогаш кога играчите на Торонто Репторс изведуваат слободни фрлања.

Интересно, домаќините имале само 18 погодени од 36 слободни фрлања!

„Човек, само што го видов тоа (видеото). Стана вирална. Непрестано слушав нешто за време на мечот и тоа за време на слободните фрлања. Некој промаши и се свртев. Си помислив: „Па зарем тоа мојата ќерка вреска? И се уверив дека е добро“, вели Дерозен.

Тој додава и дека таа ретко доаѓала на натпреварите.

„Тоа е лудо! Ќерка ми ми се јави пред некој ден кога излегуваше од школо и само ми рече: „Тато, може ли да дојдам со тебе на мечот во Торонто? Се сеќавам дека одеше на сите натпревари во Торонто кога беше дете и за малку да ѝ кажам не. Настојуваше да дојде да навива а јас и реков: „Добро, може да пропуштиш само еден ден од школо и да дојдеш на утакмицата“. Мило ми е што и дозволив. И должам некоја пара сега сигурно“, се насмеал Дерозан кој на прашањето дали ќе ја води ќерка му и на мечот во петок со Мајами рекол: „Не, мора да се врати дома и да оди на школо“.

13 април 2023 - 14:58