Дончиќ и Азар си разменија дресови, влета и Бобан

Реал Мадрид плати над 120 милиони евра од Челси да го донесе Еден Азар, ама овој трансфер по сè изгледа е најголемо промашување на сезоната. Белгиецот не врза 2 натпревари во Реал, повреден е буквално нон-стоп. Сега за последната повреда отишол да го оперира зглобот во Америка, а таму се сретнал со најголемиот хит во НБА, Словенецот Лука Дончиќ. Си размениле и дресови, а разликата во висина е очигледна.

Азар го гледал мечот Далас Маверикс - Њу Орлеанс кој Мавси го добија 127-123 со 30 поени, 17 скока и 10 асистенции на Дончиќ. После мечот си размениле дресови, а во еден момент упаднал и Бобан Марјановиќ кој му вика на Азар: „Јас сум му соиграч на Лука“:

);

5 март 2020 - 13:00