53-годишна Кинеска што прави шоу на пауза во НБА со моноцикл

Црвена Панда, како што и е уметничкото име на жената од Кина која повеќе од 30 години изведува неверојатни сценски настапи со двоиполметарски моноцикл и чинии, ја забавува публиката во НБА.

Право име и е Ниу Ронг, позната е како Ред Панда. Качена на висок двоипомлетарски моноцикл таа реди еден куп порцелански чинии и разни други предмети на глава и по раце и прави вистинско шоу.

Ниу е родена во семејство на акробати, а самата почнала со акробација на седум години. Од тогаш до денес се занимава со оваа професија која што и носи сосема добра заработка. Првпат јавноста за неа слушнала во 8-ма сезона од шоуто „Америка има талент“.

Одење во НБА арена е многу повеќе од одење на кошаркарски натпревар. Пакетот често ви вклучува можност за јадење брза храна, гледање трки на бебиња, обиди за кош од пола терен и разно-разни циркуски претстави.

Во последново без конкуренција сигурно е Црвена Панда, Кинеската која има 53 години.

Таа се качува на моноцикл висок два ипол метри и става чинии на глава (врвот и е пет), некогаш ги реди и на нога па одржува рамнотежа со кратки замави со левата нога по педалата. Кога доаѓа до момент кога се е под контрола, таа ги реди од едно на друго место чиниите.

Гледачите се воодушевуваат од секој нејзин настап.

Ниу Ронг во НБА ги разубавува паузите уште од далечната 1993-та година кога нејзиниот менаџер ја контактирал дека сакале да ја видат на меч на Лос Анџелес Клиперс во салата.

Во сезоната 1994/1995 таа веќе настапила на 40 натпревари. Од тогаш пропуштила само две сезони во кои се патела од депресија откако скршила рака а во меѓувреме починал и нејзиниот татко. Таа работи и на универзитетска кошарка во НЦАА.

Заработува меѓу 2.500 и 3.000 долари за пет минутен настап. 

Зад часови и часови, години обука, зад Кинеската е и цврста источна дисциплина. „Се срамам да кажам дека можам само едно нешто. Мојот учинок е речиси секогаш целосно ист. Помина доста време и уште ме викаат. Зар не се уморија да ме гледаат?“, вели таа со насмевка.

Гуи Жанг бил нејзин татко, учител и ноќна мора за дисциплина. „Многу му се плашев, но исто и уживав во предизвикот“, признава Ронг Ниу во разговор за „Sports Illustrated“ од пред неколку години.

Татко и работел како акробат по жици, а мајка и Жанг ЛонгДи била жогнлер како и сите други жени во нивното семејство во последните три генерации.

Од седум години Ронг Ниу веќе стоела со чинии на глава, а потоа ги засилила и нозете за да може да го вози моноциклот. Подоцна ги споила двете вештини.

СЕДУМ ЧАСА ДНЕВНО ТРЕНИРАЛА

Ронг Ниу уште од мала тренирала до седум часа во денот. Со 10 години се запишала во Уметничка школа каде учител и бил татко и. Веќе на 12 години во целост се посветила на жонглирањето.

Кога наполнила 14 години таа се придружила на Шангајското акробатско друштво со кое патувала ширум Азија, Африка и Европа. На 16 години настапила во Денвер во САД каде ја воодушевила публиката. Јавноста била толку импресионирана од неа, а малата Ронг била зачудена од топлината на домаќините Американци. Во еден момент сфатила дека сака да живее таму.

Светот на Дизно и дал прилика со убава понуда за работа и престој, да работи кај нив. Таа не се двоумела многу и отишла да живее и да работи на Флорида со цел да стигне и до Сан Франциско каде имало голема кинеска заедница.

Ред Панда најмила и монтажер кој ќе ги состави видеата од нејзините настапи. Таа нарачала и 1.000 ВХС снимки и видео-касетите ги ставала во големи пликоа со нејзина визит карта внатре.

Ниту циркузи ниту други компании за забава не се јавиле. Нејзиниот агент во 1993-та година направил нешто што ќе и го смени животот. Филаделфија Севентисиксерс први се јавиле и сакале да ја ангажираат да настапува на некои натпревари. Набрзо се јавиле и Вориорс.

„Таа е една од најдобрите спектакли за на полвуреме. Таа е фантастична“, вели Стив Кер, еден од најголемите и најтрофејни тренери во историјата.

Таа на натпреварите доаѓа час и половина пред да почнат. Го склопува моноциклот кој поминал многу авантури со неа: од кражби па наоѓање, до губење по аеродроми. Потоа дваесетина минути се загрева како спортист. Кога и останува малку време за одмор, таа се повлекува и се концентрира. „Се кријам во ќош за да не мора со никого да се поздравувам“, вели Кинеската.

Еднаш некој се усудил да ѝ го украде драгоцениот моноцикл, па од Голден Стејт Вориорс морале да ѝ купат нов вреден 25.000 долари!

После тоа Црвена Панда стапнува на паркетот, се качува на скали со цел да се намести на моноциклот и го изведува својот беспрекорен настап со чинии, секогаш без грешка. Добива аплауз од воодушевената публика и заминува.

Таа веќе 30 години настапува на полувреме од натпреварите во НБА и позната е во САД. Има и такви кои побарале да и се даде место во кошаркарската Куќа на славни во Спрингфилд.

 

6 јуни 2024 - 10:06