Кец у два

Челси и Реал донесоа пари, Тотенхем разочара

Победите на Челси и Шалке кои беа очекувани, како и мадридското дерби каде се бараа 3 гола се натпреварите кои носеле најмногу пари во обложувалниците на Спортлајф. Обложувачите најмногу ливчиња искинале на ремито на Тотенхем и на неефикасното дерби на „Емирати".

Тикет на колото

Минатото коло не успеавме да направиме серија од два добитни тикети по ред, но еве не на поправен испит, повторно со натпреварите од националните првенства каде што се ближи крајот.

Суарез е главна ѕвезда во кладилниците

Луис Суарез беше во центарот на вниманието со израмнувачкиот гол во 97-та минута против Челси, но и со гризнувањето на Ивановиќ со што ги поттикна кладилниците да ја зголемат нивната понуда со неколку интересни опции за кладење поврзани со неговото име.

Реал и Баерн ја презедоа фаворитската улога

Пред почетокот, но и во текот на целата сезона, кладилниците сметаа дека Барселона е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампиони, но го сменија своето мислење по извлекувањето на полуфиналните парови. Сега фаворити се Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Јувентус донесе пари, Шпанците потфрлија

Фудбалерите на Јувентус не само што ги израдуваа своите навивачи со победата над Милан, туку и им донесоа најмногу пари на обложувачите во Спортлајф овој викенд, а најчесто тикетите завршуваа во канта заради шпански екипи.

Тикет на колото

Националните првенства во поголемите лиги во Европа се движат кон својот крај со што натпреварите стануваат поинтересни за гледање, но и за типување. Одиме со нашите предлози.

Мајами повторно фаворит за тронот во НБА

Викендов стартува плејофот на 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Кладилниците предвидуваат реприза на минатогодишното финале во НБА лигата, а актуелниот шампион, екипата на Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на титулата.

Пандев ги разочара обложувачите

Ако минатата недела Горан Пандев со голот против Џенова им донесе пари на многу обложувачи во Спортлајф, овој викенд тој искина многу тикети со голот против Милан. Најмногу пари викендов се фатија на Лион, Реал и Фенербахче.

Тикет на колото

Оваа недела нашиот тикет со натпревари од Лигата на шампиони и Лига Европа беше добитен, па се надеваме дека ќе влеземе во добитна серија и со натпреварите од најинтересните домашни првенства.

Тикет на колото

Нема седење со скрстени раце. Реванш дуелите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа се нашиот следен предизвик за типување. Викендов фатиме 5 од 7 натпревари, но сега ќе го намалиме бројот со нашите предлози.

Доживотна суспензија за 4 фудбалери-местачи

Четворица фудбалери од Малта заработија доживотна забрана за бавење со фудбал заради докажано учество во местење на натпревари.

Пандев и Челси донесоа пари, Интер најмногу разочара

Саботата беше скоро совршен ден за обложувачите, но во неделата потфрлија Интер, Лион, Ливерпул... Прочитајте кој разочара, а кој ви донесе најмногу пари викендов во Спортлајф обложувалниците.

Тикет на колото

Минатата недела имавме добитен тикет и овој викенд богат со фудбалски натпревари повторно одиме со наш тикет на колото со 6 предлози за типување.

Проститутка за секој судија

По логиката дека со поголеми плати луѓето не би прифаќале мито, ФИФА треба да смисли сличен начин како да ги спречи појавите како последниот случај кога биле откриени тројца судии кои за да наместат натпревар биле поткупени со секс.

Кој се кладел на поразот на Вардар?

Многу работи не „штимаат" во ФК Вардар во последно време. Лидерот од необјасниви причини доби нов тренер пред самиот почеток на подготовки, се донесоа просечни „засилувања", тимот веќе не доминира, а синоќа загубија за прв пат по две години на домашен терен. Но дали некој профитираше од овој пораз?

Тикет на колото

Викендов го разбивме малерот и погодивме тикет со коефициент 25, па веднаш го продолжуваме нашиот напад на касите на кладилниците. Овој пат предлагаме типови за натпревари од Лига на шампиони и Лига Европа.

Барселона повторно фаворит за титулата во ЛШ

Каталонскиот тим кој по поразот од Милан на првиот осминафинален меч на „Сан Сиро" ја загуби фаворитската улога за шампионската титула, според коефициентите на светските кладилници повторно има најголеми шанси за подигнувањето на пехарот на Вембли.