Пандев ги разочара обложувачите

Ако минатата недела Горан Пандев со голот против Џенова им донесе пари на многу обложувачи во Спортлајф, овој викенд тој искина многу тикети со голот против Милан. Најмногу пари викендов се фатија на Лион, Реал и Фенербахче.

ПОГОДЕНИ

Лион - Тулуз (резултат 3:1) - тип: 1 (коеф. 1.90)
Екипата на Лион конечно ја прекина црната серија од пет натпревари без победа. Како што очекуваа и најмногу од обложувачите, Лион го совлада Тулуз со 3:1 за крај на лошата серија каква што последен пат се случила пред точно 20 години.

Атлетик Билбао - Реал Мадрид (резултат 0:3) - тип: 2 (коеф. 1.50)
Стариот стадион Сан Мамес за последен пат беше домаќин на најстарото ривалство во Шпанија, а 102-от натпревар помеѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид заврши со убедлива победа на гостите благодарение на двата гола на Роналдо и еден на Игуаин.

Фенербахче - Ескишехирспор (резултат 1:0) - тип: 1 (коеф. 1.65)
Победата на Фенербахче над Ескишехирспор беше една од „сигуриците" кои ги имаше на многу тикети овој викенд и за среќа на обложувачите, истанбулскиот гигант славеше минимална победа и остана во битка за титулата.

Освен Лион, Реал Мадрид и Фенербахче, на многу тикети во Спортлајф беше заокружувана и победата од 5:0 на Атлетико Мадрид над Гранада, како и минималната победа на Малага против Осасуна.

ПРОМАШЕНИ

Милан - Наполи (резултат 1:1) - тип: 1 (коеф. 2.10)
Најмногу од обложувачите очекуваа победа на Милан на дербито против директниот ривал за пласман во Лигата на шампиони, но беа разочарани и тоа од нашиот Горан Пандев. Фламини поведе, Пандев израмни, а во второто полувреме Фламини ги остави своите соиграчи на цедило откако заработи црвен картон, но резултатот остана непроменет.

Андерлехт - Клуб Бриж (резултат 1:1) - тип: 1 (коеф. 1.65)
И по три кола во плејофот, Андерлехт нема победа. Овој пат тие кикснаа на домашен терен на дербито против Бриж. Главен кривец за последниот неуспех е Одои кој во 28-та минута си постигна автогол, а 4 минути подоцна доби и црвен картон.

Каљари - Интер (резултат 2:0) - тип: 2 (коеф. 2.55)
Екипата на Каљари ја продолжи агонијата на Интер. Јунак на натпреварот беше резервистот Маурисио Пиниља кој влезе во игра во 56-та минута и во рок од 20 минути ги постигна двата гола. Со овој пораз Интер падна на 7-та позиција, односно пласман кој не ги носи ниту во Лига Европа.

Покрај Милан, Андерлехт и Интер, обложувачите во Спортлајф најмногу беа разочарани и од Лил кој не успеа да го победи Марсеј, како и Шалке кој одигра 2:2 со Баер Леверкузен.


Рагледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.

15 април 2013 - 12:54