Барселона – Милан ГГ
Милан оваа година не знае за пораз и игра во фантастична форма. Според кладилниците Барселона е фаворит на овој натпревар, но „Росоњерите" ќе се обидат да постигнат барем еден гол за да им ја отежнат работата на домаќините.
Шалке – Галатасарај Т1
По оние 1:1 во Истанбул, Германците се фаворити на овој натпревар. Играат во одлична форма, а во саботата славеа со 2:1 над актуелниот шампион во Бундес лигата, Борусија Дортмунд.
Баерн Минхен – Арсенал ГГ
Арсенал има тешка задача среде Минхен да ги наподолни оние 3:1 од првата средба, но мора да оди на голови. Баварците сезонава се неприкосновени пред својата публика.
Малага – Порто 0-2 гола
Осминафиналето за екипата на Малага е рекорд од формирањето на клубот, а пред себе го имаат португалскиот состав кој е редовен патник во нокаут фазата во ЛШ. На последните 5 меча шпанците постигнале само 2 гола.
Челси – Стеауа Букурешт 1
По елиминацијата во групната фаза во Лигата на шампионите, актуелниот европски шампион не смее да си дозволи уште една елиминација, и тоа од тим кој е далеку под нивниот ранг.