Тикет на колото

Иако изминатото коло во кое типувавме четири натпревари тикетот не беше добитен само поради еден гол, тоа не значи дека ќе се откажеме од нашите намери да ви помогнеме да стигнете до добивка во кладилниците. Ова е нашиот избор за овој викенд.

Удинезе – Рома ГГ
Рома е екипата која има постигнато најмногу голови во Серија А, а инаку е втор тим со најмногу примени погодоци. На 9-те меча во 2013 година, 7 натпревари на која играла Римската волчица завршиле ГГ.

Шалке – Борусија Дортмунд ГГ
Дерби натпреварите во Бундес лигата честопати носат ефикасни резултати со многу голови, па така и на овој меч очекуваме минимум по еден гол во двете мрежи.

Борусија Менхенгладбах – Вердер Бремен ГГ
Екипата на Вердер на сите досегашните гостувања оваа сезона во германското првенство има дадено, но и примено барем по еден гол.

Барселона – Депортиво Ла Коруња 4+
Пред решавачкиот дуел од Лигата на шампионите во вторник против Милан, Барселона ќе ја нагости последниотпласирана Депортиво Ла Коруња против која се очекува да демонстрира офанзивен фудбал со многу голови.

Селта – Реал Мадрид ГГ
Тимот на Селта секогаш постигнува по минимум еден гол против Реал Мадрид на домашен терен, а голови секако се очекуваат и од Кралевите.

8 март 2013 - 21:16