Фудбал

Фактите зад најуспешната фудбалска земја Италија

Жозе Мурињо во една прилика изјави дека во Италија сите се прават тренери, а тоа е само еден показател за нивната посебна страст за фудбалот, тема за која се зборува во секое ќоше. На Филип Втори ќе брани човекот со најмногу настапи во историјата на својата земја.

14 годишно дете дебитираше за Галатасарај

Холандскиот тренер Јан Олде Рикеринк кој го води турскиот Галатасарај синоќа пред крајот на пријателската против Левски во Софија му дал шанса на 14-годишен фудбалер кој стана најмладиот играч во историјата на овој клуб.

Лукаку во стилот на Пандев

Напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку се посрамоти на дуелот против БиХ, на ист начин како Пандев против Израел, но белгијскиот репрезентативец го постигна последниот гол на мечот за конечни 4:0.

Добри вести за Македонија, не игра ниту Кјелини

По тешката повреда на Монтоливо и исфрлувањето на Пеле, уште еден стандарден репрезентацивец на Италија не е во комбинација за утрешниот меч на Филип Втори.

Генерацијата која последна ја победи Италија сега е во пензија

Во Скопје доаѓа четирикратен светски и еднократен европски и олимписки првак. Италија на „Филип Втори“ ќе истрча како селекција која нема пораз во квалификации за СП или ЕП цели 3685 дена или 51 натпревар!

Најлошиот рекорд со карти на Милан во последните 34 години

Најдобриот показател дека Серија А во изминативе неколку години има проблем со посетеноста на натпреварите е долната линија по која упорно се движат бројките на продадени годишни влезници.

Не секој клуб е задоволен што има газди Made in China

Никој не ветува како кинеска компанија која влегува во фудбалски клуб. Камиони, милиони, билиони се споменуваат на презентациите, а подоцна навивачите сфаќаат дека не е баш сè така розово со сомнителните фондови од Азија.

Аргентина со и без Меси

Селекцијата на Аргентина пред еден месец одигра 2:2 против Венецуела, а синоќа 2:2 со Чиле. Во напад ги имаат Игуаин, Ди Марија, Агуеро и Дибала, ама кога го нема главниот статистиката вели вака:

Генијална идеја за сите тренери чии фудбалери се дрва

Тренер од Норвешка разочаран од својот состав отиде малку подалеку со идеите за тоа како да ги оправи работите во неговиот состав кој според описот делуваат очајно, а ние знаете одма на кого помислуваме во овој контекст.

Полиција го бркаше Валенсија по теренот за неплатена алиментација

Јужноамериканските квалификации за Светско првенство или за Копа Америка редовно ни носат убави голови, добри дриблинзи и фешти од трибините. Од Еквадор денес стигна видео како полиција трча по најдобриот играч на оваа земја кој глумел повреда во амбулантно возило.

Пеле’ не доаѓа во Скопје поради лошиот гест со Вентура

За селекторот на Италија, Џампјеро Вентура пишавме дека важи за мирољубив човек кој ретко влегува во конфликт. Но тоа не значи дека играчите можат да му се качат на глава. Синоќа на дербито против Шпанија Грацијано Пеле’ одби да се поздрави со Вентура, поради што е избркан од составот.

Има и полошо од нас, Кина загуби од Сирија

Група незадоволни кинески навивачи изглеле на улиците и барале оставка од претседателот на фудбалската федерација на Кина после тешкиот пораз од земјата во која 5 години непрестано се војува и е целосно разружена.

ФИФА каде ви е гол-технологијата во квалификациите за Светско?

Додека на Филип Втори синоќа во 95-та минута стоевме на нозе во исчекувањето Јаховиќ со гол од пенал да ја спаси Македонија од пораз, во Исланд во истата минута драмата беше бетер.

Утките на Пандев и пеналот на Јаховиќ

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во 10 и 12 минута ги пропушти најзрелите шанси за водство на квалификацискиот меч против Израел, а Адис Јаховиќ промаши пенал во 95 минута. По овие нереализирани прилики не се освојуваат бодови. Остануваме на 0 по двете кола.

Јаховиќ промаши пенал и бод во 95-та минута

Во второто квалификациско коло за СП 2018, Македонија вечерва во Скопје загуби од Израел 1:2. Нашите создадоа многу шанси, играа отворен фудбал, промашија пенал и повторно загубија како во Скадар. На крајот аплаузи за играта.

Тежок живот фоторепортерски

Ај што мора да пазат од горе да не им падне петарда или бакља над глава, туку треба да гледаат и од теренот да не долета некој волеј па да биде налет и фудбал и полуфинале и финале.

Головите на Италија и Шпанија не доаѓаат од нападот

За Игор Ангеловски следниве статистички податоци може да бидат корисни. Нашите два следни противника во квалификациите (Италија на 9-ти октомври и Шпанија на 12-ти ноември) кријат двајца незгодни стрелци меѓу играчите од среден ред.

Шишај ме Аршавинка

Андреј Аршавин кој игра во клубот Каират Алмати од Казахстан мераклиски го ишишал блогерот Петр Воликов кој на почетокот на сезоната се кладел дека Русинот нема да даде повеќе од 7 гола во првенството. Осмиот гол сезонава напаѓачот го постигна минатиот викенд на мечот против Актобе.

Првиот гол на Кака’ на дербито против Интер

Пред 13 години на 6. октомври, Кака се запиша во листата на стрелци на големото миланско дерби. На асистенција на Гатузо (да, на Џенаро Гатузо со лева), Кака постигна убав гол со глава во 40. секунда од првото полувреме.

Борецот од кој се плашел и Рој Кин е в.д. селектор на Англија

По отказот за корумпираниот Сем Алардајс, англискиот ФА одлучи за в.д. селектор да го постави Гарет Саутгејт, борецот кој во младоста го мајтапеле поради големиот нос и кој се шверцал во автобус.

Избран е најдобриот гол во историјата на Премиер лигата

25 легендарни фудбалери стигнаа до бројка од минимум 100 постигнати гола во Премиер лигата. Истите тие фудбалери гласаа за најдобриот во историјата на најелитното англиско првенство. Признанието отиде кај Робин Ван Перси за неговиот волеј против Астон Вила на 22 април 2013-та.

Навивачко видео за поддршка на Македонија

Дарко Спејко, Сашко Коцев, Маријана Станојковска, Буштур, Лино Червар и Зорица Црношија повикуваат на 6-ти, 9-ти и 11-ти да се оди на арена Филип Втори.

Пет работи за првиот Индиец кој ќе игра во Шпанија

Ако не си дел од Барса или Реал не е лесно да запишеш некоја историја во Ла Лига. Но како големо изненадување ете го Леганес, клубот кој го потпиша првиот индиски фудбалер кој ќе заигра во Шпанија.

Кој е чичкото што ќе ја води Италија во Скопје?

Со скромно портфолио зад себе, Џампјеро Вентура на 68 години го досонува сонот и стана селектор на Аѕурите. Важи за мачо мен кој има либерални сфаќања и не знае да фрла шишиња вода во соблекувалната. Се ожени летово за 28 години помлада жена.