Со по 1:0 ги победија Австрија и САД, а трета жртва на нивното мени во групната фаза беше селекцијата на Чехословачка со која се сретнаа на денешен ден пред точно 27 години. Кога Роберто Баџо ќе тргне од средина и ќе проигра со Џузепе Џанини се добива резултат по кој е задолжителна репетиција. Еднаш се раѓа вакво играчиште.
Десетката на најдобриот клуб во Европа во моментов, Лука Модриќ е почитуван насекаде во светот, само не во својата татковина каде го навредуваат и исвиркуваат. Зошто?
Славното минато и богатата историја на Малме не треба и не смее да претставува страв за македонскиот првак. Тие го имаа Златан, ние Дарко. Малме има 19 домашни титули, Вардар 10. Бројките на страна, на Вардар му престои тежок испит против поранешниот финалист во Лига на шампиони.
Ако треба да се избере само еден гол од секоја екипа во Премиер лигата за изминатава сезона, компилацијата би изгледала вака. Магични петици на Жиру и Михтаријан, лудило од ножички на Емре Кан и Енди Керол, шајка на ВБА...
Освојувачот на Купот на Македонија, битолски Пелистер после долги години ќе игра во Европа, а за противник го доби можеби најтешкиот ривал од сите можни. Работнички и Шкендија поминаа добро.
Македонскиот шампион како неносител беше сместен во подгрупата 3 и поради тоа имаше скратен избор на противници. Добра околност е што реваншот ќе го игра во Скопје, така што евентуален добар резултат од првиот меч би значел и полн „Градски“.
Најконтроверзниот менаџер на светот доцна синоќа излезе пред новинарите (некои еминентни го бојкотираа зошто ги викал само кога му требале, инаку ги бркал) и раскажа зошто Џиџо одбил да потпише нов договор.
Фудбалерите на Италија У-21 со триумф од 2:0 против Данска стартуваа на младинското Европско првенство во Полска. За чуварот на голот на Италијанците имаше една непријатна ситуација поради која беше неопходен прекин.
Две години откако банкротираше и ја избркаа како партал во четвртата лига, Парма победи во ужасно напорниот бараж (5 меча) и обезбеди влез во Серија Б.
И покрај одличната презентација, нашите фудбалери не можеа против феноменот Марко Асенсио кој стана првиот играч кој дал гол на деби во Ла Лига, во Супер Куп на Европа, во Копа Дел Реј, во Лигата на шампионите и на дебито на Европско првенство У21.
Денеска на дуелот Гвангжу - Шангај во Кина, Бразилецот Оскар кој со Халк игра за Шангај неотесано ја рогаше топката во домашните фудбалери па настана хаос.
Младата репрезентација на Македонија одигра храбро и убаво за око на дебитантскиот настап на Европско првенство, но противникот ги искористи сите шанси и славеше убедливо. Имавме преку 20 шута кон противничкиот гол, но не го постигнавме историскиот прв погодок.
Алексис Санчез во секој клуб каде што играл бил познат за неговата претерана детинетост. Ден денес сакал да гледа цртани, да игра со играчки, да вози возови на далечински и да шета кучиња. Но тоа не му смета да биде најдобриот чилеански фудбалер.
Од дебито против Сасуоло на 25. октомври 2015 до поразот во Каљари на 28. мај 2017 кога го одигра последниот меч за Милан. 19 месеци страшни паради, рекорди, грешки, радост и тага.
Дебитираше на 16 години, Милан му овозможи да го покаже неспорниот талент, го направи репрезентативец на Италија и му понуди годишна плата од 5 милиони евра, но младиот Донарума само од нему познати причини одби да го продолжи договорот.
Точно уште еден ден останува до почетокот на најголемиот собир на млади таленти во фудбалска Европа. На дело ќе гледаме фудбалери на Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Манчестер Сити, но и расни стрелци од скромни екипи.
Познатите светски букмејкерски сајтови ја сметаат селекцијата на Македонија за тотален аутсајдер, но нашите бисери покажаа дека најдобро се снаоѓаат во таквата улога и може да бидат „нагазна мина“ за фаворитите.
Во Софија се одигра ревијален меч меѓу United Stars - All Stars со предводници Димитар Бербатов и Луис Фиго. Дуелот пред 40.000 гледачи на стадионот „Васил Левски“ заврши 3:3 а приходите ќе одат за поддршка на младите таленти во Бугарија.
Најдобриот фудбалер во Премиер лигата во своето време, Денис Бергкамп добил договор од 25.000 фунти неделно и тоа било ударна вест во сите медиуми. Серхио Агуеро и Вејн Руни денес тие пари ги добиваат дневно.
Компанијата Betcity со седиште во Ростов на Дон, во сопственост на газдата на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко потпиша спонзорски договор со армејскиот клуб од Москва.
Пред самиот почеток на пријателската меѓу Франција и Англија, членови на оркестарот на републиканската гарда на Франција ја отсвиреа Don’t Look Back in Anger од Oasis во чест на загинатите од терористичкиот напад во Манчестер.