По 20 години традиција Топџиите ќе ги нема во Лига на шампиони наредна сезона бидејќи завршија на петта позиција со бод зад Ливерпул кој обезбеди квалификации. За тоа им следува ова видео.
Ако забележавте како за време на прославата на терен Ибрахимовиќ оди и се слика кај еден дел од трибината каде беа навивачите на Јунајтед, тоа е поради најоткачениот банер кој го видел за себе во кариерата.
Португалецот го освои вториот пехар во Лига Европа и на Манчестер Јунајтед му го донесе 42-от трофеј во клупскиот музеј, и стана првиот тренер во историјата со злато од Лигата на шампионите и Лига Европа.
Славниот клуб го освои единствениот трофеј кој му недостасуваше во богатиот музеј, откако вечерва убедливо го победи Ајакс 2:0 (1:0). Мурињо стигнува во Скопје на 8. август на дуел од Супер Купот.
Момците на Луис Енрике сезонава не успеаа да се изборат ниту за титулата во Ла Лига, ниту во ЛШ, но затоа фудбалската школа на Барселона го обели образот со сезона за паметење за речиси сите возрасти.
Кога ја гледате вредноста на вечерашните финалисти во Лига Европа ќе помислите дека се среќаваат европски гигант против анонимен клуб кој едвај врзува крај со крај. Првото е точно, второто не. Оваа споредба во пари не веруваме дека го прави мечот помалку неизвесен и неинтересен за гледање.
Трофејната кариера му тргна во Милан каде освои 8 трофеи. Потоа отиде во Челси и освои титула, во ПСЖ титула, во Реал Лига на шампиони, во Баерн титула. Мистер Карло Анчелоти подигна пехари во најсилните 5 лиги во Европа, што е реткост. Затоа остајте му го микрофонот и нека го води караокето.
Во пресрет на финалето од Лигата на шампионите кое се ближи, ви прикажуваме одлично видео со голови на неделата за секоја одмината недела во елитното натпреварување.
„Мравката“ важи за највредниот работник меѓу тренерите. Учел од Јохан Кројф но и од темпераментиот Биелса поради што ќе знае како да се носи со најдобрите фудбалери на светот. Единствениот тренер е на светот кој неколку пати ја добиваше моќната Барса.
За 16 години кариера во Јувентус, Џиџи Буфон го опишува чувството како е да се освојат 10 титули (од кои две спорни), што губиш, а што добиваш кога покажуваш верност и во најтешките денови и што значи зборот „ние“. Одличен осврт на легендата по освојувањето на шестото Скудето по ред.
Во овие 9 години откако Забалета е во Сити се менуваа претседатели, тренери, управи, играчи, а само тој никогаш не се смени. Остана борец кој играше за „граѓаните“ дури и кога морал да оди на операција на скршениот нос.
На 25 мај 2005-та им се случи кошмар во Истанбул кога од готово направија вересија, а две години потоа на 23 мај 2007-ма му возвратија на Ливерпул со два гола на Пипо Инѕаги. По пауза од 3 години, 10 месеци и 12 дена Милан се враќа во Европа, ама во квалификациите за Лига Европа.
Иако со секој негов постигнат гол во медиуми се појавуваа имиња на разни клубови кои се спремни да го ангажираат од следната сезона, сепак македонскиот напаѓач даде изјава со која се обврзува на верност во клубот кој ќе игра во понизок ранг.
За Филип Лам играта во одбрана дефинитивно е уметност. Тоа го докажа сам низ годините во Баерн и репрезентацијата на Германија каде сигурно тешко дека ќе се најде идентична замена. Вакви чисти и елегантни интервенции се реткост во фудбалот. Браво царе, можеше уште да тераш, не се многу 33 години.
Шпанската полиција утринава започна операција против петмина лица кои се осомничени за перење на пари. Првоосомничен е Сандро Росел кој 4 години беше прв човек на Барселона и за кој сè уште се води судски процес за сомнителниот трансфер на Нејмар.
На прославата на шестото скудето по ред во Серија А, стоперот на Јувентус излезе на теренот со двете синчиња, од кое едно едното навива за Торино поради што плачело зошто мора да облече дрес од Јувентус. Браво мали, така се станува верен на клубот.
„Реал Мадрид ќе биде шампион“, изјави стратегот на Малага по триумфот на неговиот тим над Барселона од 2:0 остварен на почетокот на април. Веројатно со него се сложил и стоперот Микел Вилануева кој во два наврати реагираше пацерски во одбрана во последното коло.
Во повеќето лиги од континентот завршија првенствата, се прославија шампионски трофеи, се пиеше и веселеше по цела ноќ. Некој репризираа прослава од лани, а некои после години и години му се израдуваа на златото.
Сините од Лондон брзо го заборавија Мурињо и сезонава го свиреа. Тоа не е убаво, бидејќи пред сè тој и неговите претходници и наследници учествуваат во изградба на еден силен Челси кој во ерата на Амбрамович стигна до импресивни бројки.
Да имаш 506 гола, 227 асистенции, 29 трофеи, 37 хет-трикови, 5 Златки топки и 4 Златки копачки и сето тоа за еден ист клуб до својата 29-та година од животот, само тој епитет може да те опише ЛУД.
Спартак Москва чекаше 16 години за нова титула, Монако 17, а Феенорд 18. Шахтјор врза две по ред, Баерн пет, а Јувентус шест. Но кога ќе се стават на едно место шампионите од најсилните 10 европски првенства табелата изгледа вака: