1848: Универзитетот во Кембриџ подготви правила за играта на нивниот тим.
1857: Се појавуваат правилата на Шефилд, вкупно 11. Во 1863-ма Одборот на меѓународната фудбалска асоцијација ја одредува играта.
1886: Голманот може да ја допре топката со раце во својата половина од теренот.
1887: Се воведува офсајд. Напаѓачот мора да има тројца играчи меѓу себе и голот.
1891: Се воведуваат пенали.
1897: Натпреварите се играат 11 на 11 и траат 90 минути.
1902: Се цртаат шеснаесетник, дел во кои стои голманот и линија на средина на теренот.
1903: Се воведува директен слободен удар.
1913: Голманот смее да ја допре топката само во својот шеснаесетник. Тој треба да биде оддалечен
од гол линијата 9,15 метри.
1924: Се дозволува гол директно од корнер.
1925: Се менува правилото за офсајд. Напаѓачот не е во офсајд ако има двајца играчи пред себе.
1939: Во Италија се прв пат се игра со бројки на дресовите.
1958: Се воведува право на измена во случај на повреден играч. Во Италија го воведуваат во 1965-та.
1968: Се воведуваат измени и од тактички причини и на клупа смејат да седат по двајца.
1970: Се воведуваат жолти и црвени картони и се игра првото Светско првенство со пенали на крај и со измени.
1973: Тројца играчи на клупа и две можни измени.
1981: Се појавува спонзор на дресовите во Серија А.
1982: Дозволено е да се купи втор странски играч во Италија.
1983: Голманот не смее да направи повеќе од 4 чекори со топка.
1989: Смејат да се купат четворица странци во една екипа во Серија А.
1989: Директен црвен картон кога се прави чиста шанса за гол.
1992: Само тројца странци смејат да бидат меѓу први 11 во Италија
1992: Голманот не смее да ја допре топката со раце кога ќе му ја вратат со нога.
1995: Европскиот суд за човекови права ја објави одлуката која ги ослободува играчите по завршувањето на договорот и ја укинува забраната за странците од ЕУ.
1995: Се менуваат дресовите во Серија А. Играчите имаат бројки и имиња.
1996: Германија го освои Европското првенство со Златен гол, воведен во 94-та.
1999: Се воведува жолт картон за симулација.
2000: Правилото од шест секунди го заменува голманското правило со четири чекори.
2002: Се воведува сребрен гол. Ако по завршувашето на продолженијата два пати по 15 минути, некој води, тогаш мечот завршува.
2004: Се укинува сребрениот гол.
2009: Се тестираат судии покрај гол во Лига Европа. Три години подоцна се воведуваат и во Серија А, а годинава ќе бидат заменени со ВАР.
2012: Се одобрува гол технологијата, а камерите докажуваат дали топката е внатре или не. Во Италија се воведува во 2015-та.
2014: На Мундијалот во Бразил се дозволуваат два тајмаути за разладување.
2014: Судиите користат спреј за да го одбележат местото за формирање на жив ѕид.
2017: Италија го воведува ВАР.