Играчите и навивачите заедно качени на маса во кафана, па кај го има ова?. Да се влезе во натпреварување каде сезонава играат Арсенал, Милан, Лион, Лацио, Зенит и уште ред други славни екипи од европскиот фудбалски крем не е воопшто мала работа.
Затоа тоа мора да се прослави како што треба. За европски Вардар се потребни јунаци на терен, но и отворени души кои не се дистанцираат во некој фенси ресторан за да слават сами, туку седнаа во типична градска скопска кафеана и тоа заедно со оние кои дишат со нив секои 90 минути.
Еден од комитите на маса ја води групата, а капитенот Грне го слуша и заедно со цела толпа народ во еден глас се слуша „ШАМПИОНЕ, ШАМПИОНЕ“