Фудбал

Клупскиот автобус на Реал и народниот пречек во Сибелес

Управата на кралскиот клуб решила голема фиеста по повод титулата во Ла Лига да има на „Сантијаго Бернабеу“ но по одигрувањето на финалето на ЛШ. Затоа синоќа десетици илјади Мадриѓани ги поздравија шампионите на легендарниот плоштад Сибелес каде Реал ги прославува сите трофеи.

Ријека е во транс, Стефан Ристовски го носеа на ушка

Чекаа 71 година и дочекаа. Ријека за прв пат во својата историја станаа шампиони на Хрватска и тоа со двајца стандардни репрезентативци, Стефан Ристовски и Леонард Жута кои играат на бековски позиции. За жители на градот ноќеска немаше сон.

Амиен влезе во прва лига со гол во 96-та минута

Во неверојатно драматична завршница во француската Лига 2, Амиен со гол во 96-та минута обезбеди пласман во првата лига каде не играле никогаш во 116-години долгата историја. Лудница!

Катар го отвори првиот стадион за Светското 2022

Во Доха и официјално е отворен првиот стадион за Мундијалот кој за четири години ќе се одржува во Катар.

Првата жена главен судија во Бундеслига

Германската фудбалска федерација реши од следната сезона да ја промовира судијката Бибиана Штејнхаус од втората лига во Бундеслига.

Денот кога Реал стана европски шампион после 32 години

На 20. мај 1998 година, Реал Мадрид со голот на Предраг Мијатовиќ во 67’ минута го победи Јувентус во финалето на Лигата на шампионите и после 32 години го врати највредниот пехар на „Сантијаго Бернабеу“.

Пет години откако Дрогба сам го победи Баерн во финале

Прво го израмни резултатот со неверојатен гол во 88. минута од мечот и го однесе финалето со Баерн во продолженија, а потоа го заби победничкиот гол во пенал серијата. Легенда.

Драмски театар Фалкирк

Фудбалерот на шкотскиот Фалкирк, Арон Мјурхед може комотно да се пријави на следната аудиција на Јас имам талент.

Денот кога Шалке беше шампион само 4 минути

Тоа што му се случи на Баерн Минхен во финалето од ЛШ 1999-та против Манчестер, слично нешто му направи на Шалке две години подоцна. И неутрален навивач да го гледа овој развој на настаните сигурно ќе се возбуди, а да не зборуваме за оние што им се најверни.

Што се случува со талентот на Реал од Норвешка

Пред извесно време многу луѓе се чуделе како татко му на Килиан Мбапе ги одбил Реал Мадрид и Зинедин Зидан. Откако норвешкиот вундеркинд Мартин Едегор беше најавен на голема врата, а заврши во просечен холандски прволигаш, талентите „прво дуваат во јогурт“.

Заборавете на Барса и Реал, најголема драма за прво место ќе има во Франција

Челси е шампион во Англија, Монако во Франција, Баерн во Германија, Јуве на чекор во Италија. Затоа да се префрлиме онаму каде што во последното коло ќе се кубат најмногу коси, а тоа е француската втора лига. Да сака не може да го режира ова сценарио никој.

Капитенот кој 10 години не промашил пенал

Се вика Чаби Прието и е легенда на Реал Сосиедад. Човекот откако влегол во првиот тим во 2003-та, до денес дал 22 гола од пенал од 23 обиди. Промашил само еднаш против Билбао во 2007-ма. Тимот на Сосиедад во последните осум сезони промашил само еден пенал кога во 2012 Иманол Агирече утнал против Бетис.

Најлудиот гол кој донел титула во Бундеслигата

На денешен ден пред точно 10 години Штутгарт со 2 бода пред Шалке стана шампион во Германија. Во последното коло ја победија Арминија Билефелд со 2:1. Едниот гол го постигна Кедира, а другиот Томас Хицлшпергер. Ако некогаш треба да се одбере кој е најдоброто ремек дело вредно шампионска титула, ова е тоа, нема друго.

Со верност и срце од Серија Б до апсолутна доминација

На 19 мај 2007-ма, Јувентус го совлада Арецо во 39-то коло од Серија Б со 5:1 и три кола порано обезбеди враќање во прва лига. На 19 мај 2017-та се подготвува за меч кој треба да му го донесе шестото Скудето по ред, а потоа да се подготви за битката на 3 јуни во Кардиф.

Џампаоло Пацини ја врати Верона во Серија А

Талентот кој го поседуваше во легендарната генерација на Аталанта, Пацини подоцна во кариерата го демонстрираше во повеќе италијански клубови. Раатот го најде во Верона на која што ѝ донесе експресно враќање во најдобрата лига и стана идол на тифозите.

Како тренираат голманите во Бешикташ

На три кола пред крајот Бешикташ има два бода повеќе од Башакшехир и за очекување е да ја освои титулата во Турција. Бешикташ има примено само 29 гола сезонава, а како и да прими повеќе со вака тренирани голмани?

Верон на 42 години игра како дете

Хуан Себастијан Верон е претседател и играч на аргентинскиот клуб Естудијантес кој се натпреварува во престижната Копа Либертадорес. Во синоќешниот триумф од 0:3 на гости против Барселона од Еквадор, Верон одигра 56 минути и намести еден гол.

Господинот 32 трофеи

Агентот на Дани Алвеш неодамна изјави дека 34 годишниот Бразилец сега игра подобро отколку кога замина во Барселона во 2008-ма. Можеби некој нема да се сложи ама тоа е вистина и плус има ист број трофеи со Златан. Само двајца играчи на планетава имаат повеќе.

Најдобриот твит во корист на Бентнер

По толку многу тролања на негова адреса се појави еден извонредно добар и сосема неочекуван факт поврзан со Никлас Бентнер. Не дека данскиот напаѓач треба да се фали што дал два гола за англиски второлигаш, ама па им помогнал човекот и тоа повеќе од што мислите.

23 години од лекцијата на Милан против Барса

На денешен ден во 1994. година, на Олимпискиот стадион во Атина Милан со 4:0 ја декласираше Барселона во финалето на Лигата на шампионите. Четата предводена од Капело: Роси, Тасоти, Панучи, Албертини, Гали, Малдини, Донадони, Десаи, Бобан, Савичевиќ и Масаро, одиграа незаборавен меч.

Известуваш во живо и ти се качуваат на ушка

Првиот од трите трофеи на кои целат го освоија, а тоа е Купот на Италија против Лацио. За случувањата од Олимпико и славјето со навивачите имаше известување во живо на каналот на Јувентус. Стрелецот на првиот гол Дани Алвеш не бираше начин како да се израдува.

Летечки магариња или стари магариња од Киево

Италијанскиот прволигаш од градот Верона ги има најстарите фудбалери во Топ 5 европските лиги. Просекот на години на „жолто-сините“ од Верона е 32,9.

Ако Реал Мадрид стане шампион, Малага ќе се офајди со милион евра

Насловот на прва изгледа нелогичен и несфатлив, ама жива вистина е и поврзан е со еден договор вклучен меѓу двата клуба. На Барселона ништо друго не ти преостанува освен да ги мотивира противниците на Реал со нешто повеќе.

Европски лиги со некои нови шампиони

„Кои ли се овие Виторул“? праша еден познат маалски кладилничар и ја отвори темата (билтенот) за екипите кои со децении, од сенка чекале да освојат титула и да ги тргнат од тронот неприкосновените лидери.