Шокантна вест доаѓа од Хрватска. Контроверзниот предводник на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ кој во сенка газдува со клубот, утринава е застрелан во Томиславград (БиХ) и веднаш пренесен на лекување во Сплит.
Инцидентот се случил кога двајца маскирани мажи пукале во Мамиќ во местото Зидин во Томиславград, каде бил во приватна посета на годишнина од смртта на неговиот татко.
Според пишувањата на хрватските медиуми, веднаш штом Мамиќ излегол од капелата во друштво на околу 40 негови роднини, се слушнале повеќе истрели од оружје, а еден од нив завршил во неговата нога.
Напаѓачите избегале, а Томиславград сега е под силно полициско обезбедување.
Од Динамо Загреб излегоа со соопштение во кое пишува дека се згрозени од нападот врз Мамиќ кој официјално се води како советник на хрватскиот прволигаш.
Здравко Мамиќ секоја година во овој период оди на миса по повод годишнина од смртта на неговиот татко, а обид за негов напад на ова место имаше и во 2014-та.
Летовото му влегоа и со боксови.