Фудбал

На Холандија толку лошо ѝ оди што го стави селектор Дик Адвокат

Човекот кој во последните пет тренерски авантури помина прилично лошо е назначен за спасител на репрезентацијата на Холандија на која ѝ се заканува уште еден дебакл - по Европско, сега да не се пласира ниту на Светско првенство.

„Одиме во Кардиф“ ечеше во соблекувалната на Јуве

По пауза од две години, Јувентус се враќа во финалето од Лигата на шампионите каде повторно ќе се пресмета со шпански тим. По долгата и напорна сезона во која се борат на три фронта задоволството на играчите е огромно, а тоа се гледа и по оваа снимка. Реал или Атлетико нека му ја мисли на 3 јуни.

Не е Кристијано баш толкав нарцис

Роналдо и Златан Ибрахимовиќ се едни од ретките кои им посветуваат најмногу внимание на децата задолжени да излезат со играчите на терен пред почетокот.

Најлудиот стопер во Европа игра за Бастија

На централниот дефанзивец на Бастија, Ел Каутари не му беше гајле што игра против ѕвездите од ПСЖ, па реши една топка од својот шеснаесетник да ја изнесе на најризичен можен начин.

Fino alla fine, Јувентус е во финале во Кардиф!

„Старата дама“ ја продолжи фантастичната серија од 51 натпревар без пораз на својот стадион и заслужено ќе го игра 9-то финале на Лига на шампиони каде има две титули.

Како Јуве на тактички план го собори Монако

Фудбалерите на Монако имаат исклучително тешка задача да ги анулираат оние 0:2 од првиот полуфинален дуел од ЛШ. Ја гледаш анализава и сфаќаш едно. Во Јувентус не знае човек кого попрво да чува, сите се јаки.

Реал Мадрид работи под полна пареа на младинскиот погон

Иако важи за клуб кој ги прави најскапите трансфери во светот и со голем буџет и скапи ѕвезди сака брзи успеси, сепак во Кралскиот клуб во последно време има една стратегија која се вика „Во младите е иднината“.

Најуспешни серии без пораз во Премиер, Фергусон и таму царува

Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.

Незаборавниот слалом на Веа

Знаете ли кој е првиот Африканец кој освои Златната топка? Жорж Веа, поранешниот напаѓач на Милан кој играше за Милан пет сезони, а во 1995-та го победи Клинсман во трката за најдобар играч во Европа. На средбата против Верона ја прибра топката на своја половина, а потоа рече кој ве врти, можам сам против сите. Коментар на Тициано Крудели, тој со бркот што урла кога Милан ќе даде гол.

Уметноста на Нејмар и громогнласното олè од Камп Ноу

Не знаеш што ќе направи во секој нареден момент и како ќе го седне противничкиот бек на земја. Против Виљареал играше лесно како перце, а дриблаше како Пеле.

Уделот на Иван Тричковски во титулата на Спартак Москва

Којзнае што ќе се случеше ако нашиот напаѓач лани не постигна гол во 89’ минута од мечот Спартак Москва - АЕК Ларнака на новата „Откритие Арена“ во Москва и не го потпишеше отказот на Димитри Аленичев после кој во клубот дојде некогашен тренер на Јувентус.

Бегаат ли Интер и Милан од Лига Европа?

Фудбалерите на Милан веќе месец дена немаат победа во Серија А, Интер скоро два, а заедничко за двете екипи е што имаат газди од Кина. Можно ли е овие тајкуни намерно да го избегнуваат второто по ранг клупско европско натпреварување за свои бизнис интереси?

И судиите знаат да направат хумор

Сте виделе ли до сега некој линиски судија да повраќа на фудбалски натпревар? А сте виделе ли за таков стомачен проблем да добие црвен картон? Се случи во Шкотска на мечот меѓу Данди и Килмарнок, на кој главниот судија ја сврте на шега.

Лани ги споредуваа со Бени Хил, денес се враќаат на сцена

Марсеј, со супер напаѓачкото трио Бафетимби Гомис, Димитри Паје и Флоран Тувен обезбедува место во Европа и амбициите во „најголемиот француски клуб“ стануваат сè повисоки. Такви ги поставува новиот газда од САД.

Шестмината величествени кои не ги оставаат на мира голманите во Серија А

Тешко дека некој од нив ќе ја освои Златната копачка, но затоа привлекоа внимание, си набија цена, претставуваат страв и трепет, а сигурно ќе добијат и солидни бонуси за сработеното вака за пред летен одмор.

Испаднавме од лига ако чекам на вас

Фудбалерите на Трапани се на 18-та позиција во Серија Б, место кое води во плејаут, а доколку викендов славеа против Фрозиноне ќе излезеа од таа опасна зона. Кога губеа 1:0 на голманот Мирко Пиљачели му дојде преку глава. Штета што не му успеа замислата, блиску беше.

Ќе направи ли Феенорд од готово вересија како Ајакс лани

Целата сезона лани Ајакс беше прв во Ередивизија, за во последното коло да влезе со исто бодови како ПСВ. На крајот ремизираа дома со Де Графшап а ПСВ го победи Цволе на гости и на неверојатен начин стана шампион. Сега Ајакс го брка Феенорд пред последното коло.

Како голманот на Џенова му го одбрани пеналот на Интер

Многу славни фудбалски имиња не успеаа да го совладаат Еуџенио Ламана, кој викендов откри како му ја фатил на Кандрева, момент кој го уловија и камерите.

Додека има живот има и надеж, Кротоне тера по тој пат

Месец мај освен за освојувањето на титулите носи жестоки битки и на дното од табелите. Ова е ситуацијата во топ 5 лигите во Европа каде освен во Серија А во сите други првенства остануваат уште две кола до крајот. Најголема неизвесност има во Германија и Франција.

Кога цел месец спремаш испит и професорот те враќа

На мечот Естудиантес - Бока Јуниорс, домашниот тренер Нелсон Вивас збесна гневен на тоа што судијата не свирна пенал по контактот на голманот Агустин Роси со напаѓачот Каваљаро. Искина и кошула и копчиња, фрли и чевли и маица.

Интересни податоци за Горан Пандев

Епилогот после голот на Пандев против Интер е за руски роман: Горан беше еден од хероите на триплетата во 2010-та, а синоќа ја продолжи серијата на Интер од пет порази на шест меча. На крајот му се заблагодари на поранешниот клуб и навивачи.

Сан Сиро со стоечки овации до Тоти, Спалети тераше инает

На најавата на играчите пред мечот Милан - Рома, кога спикерот стигна до бројот 10 на гостите, цел стадион стана и со долг аплауз ја поздрави легендата која сезонава завршува со фудбалот. Спалети не го стави во игра и продолжи да тера инает.

Гол во Велење да се фатиш за глава

Во словенечкото првенство, Рудар од Велење со 4-2 ја декласираше Олимпија Љубљана, а третиот гол на мечот кој го даде младиот Марко Ихарош веројатно ќе биде прогласен за гол на сезоната во Словенија.