Фудбал

Како старее е се подобар

Статистиката покажува дека Лионел Меси ги има најефикасните први пет кола откако игра фудбал во шпанското првенство. Замислете во моментов има постигнато 9 гола, исто колку цел тим на Реал Мадрид.

Роналдињо си тера ќејфои по сали

Бразилската икона заврши со професионално играње фудбал во 2015-та како фудбалер на Флуминенсе и сега се префрли на футсал во Индија каде ги дроби како мали деца. Натепа веќе 37 години, ама па што се 37 години за него, неговата класа е перманентна. Од хет-трикот, за издвојување е моментов како го прелажа кутрово голманче.

Карате ударот врз полицаецот беше акција за ослободување од југословенскиот режим

Од четирикратен италијански и европски првак со Милан, капитен на Хрватска и освојувач на трето место, хрватски бог чиј удар стана симбол на востанието при распадот на Југославија, па се до заменин генерален секретар на ФИФА. Животот пишува новели вели Бобан.

Кај те пуштиле со вакви копачки во Премиер лига

Новите копачки на Бакари Сако, репрезентативецот на Мали кој игра за Кристал Палас ги дизајнирал познатиот париски дизајнер Пјер Наваро.

Приказна за фудбалскиот пат на Боб Марли и смртта по фудбалска повреда

Најпознатиот реге пејач во историјата и најголемиот Јамајчанец на сите времиња, Боб Марли буквално спиел со фудбалска топка под перница. Ја користел секоја пауза на пробите да поигра фудбал а после тешката повреда му забраниле да шутира, но љубовта била посилна.

10 годишниот Меси од Сарај на кој Македонија треба да внимава

Откако Пандев, Несторовски, Трајковски и компанија ќе му кажат збогум на фудбалот, целосно ќе се потпреме на големите надежи како Барди, Алиоски, Николов, Елмаз...Паралелно треба да се работи и да се создаваат услови и за најмладите таленти и што е најважно да се внимава да не ни ги лапне некој друг. Во ФК Сарај се кали едно дете по име Адмир Љатифи кое на 10 години гаѓа од слободен удар како да е веќе печен фудбалер. Тоа добро го знаат и неговите врсници од Шалке и Атлетико Мадрид.

На Борусија Дортмунд никој не може да и даде гол

Гостинскиот триумф на Милионерите против Хамбург не е обичен триумф. Тој им донесе два рекорди, едниот клупски, а другиот Бундеслигашки кој не му успеал ниту на еден Баерн.

Акција со која Мурињо може да се гордее

Иако противникот се вика Бартон, а натпреварувањето Лига Куп, сепак тоа што е убаво за око е убаво, па нека им служи како еден вид воигрување за со појаки екипи. Акцијата ја красеа брзи, точни и прецизни додавања, по некоја финта на Марсијал и завршница на Џеси Лингард. Инаку Јунајтед славеше со 4:1.

Ова го има само на Балканот

Никола Боранијашевиќ од Напредак Крушевац е добитникот на најглупавиот црвен картон во историјата на фудбалот. Доби жолт картон против Партизан затоа што многу се мислеше додека изведува аут, па потоа доби уште еден поради приговор. Баналната одлука беше на извесен Новица Ангеловски, веројатно наш според името и презимето.

Двете легендарни мундијалски средби на оштетениот стадион во Мексико

Повеќе од 200 луѓе е досегашниот број на жртви во катастрофалниот земјотрес кој го зафати Мексико. Има урнати згради, училишта, патишта, а погоден е и стадионот кој е дом на селекцијата на Мексико.

Барселона и Реал скоро ќе играат во различни лиги?

За 1. октомври во Каталонија е планиран референдум за отцепување од Шпанија. Што ќе се случува тие денови и како после него ќе живеат Барселона, Еспањол, Жирона и 20 други каталонски клубови - не знае никој.

Најмрзливата паненка

Торстен Матушка кој игра во четвртата германска лига изведе малку поинаква варијанта на паненка и ги предизвика Пирло и другите храбри пеналџии да пробаат вака. Делува малку ризично бидејќи топката оди некако многу бавно, ама па се дотркала до гол.

Лош ден или 40 милиони во вода?

Фудбалерите на Ливерпул синоќа се простија од Лига Купот каде беа елиминирани од Лестер. Партија за НЕпаметење имаше Алекс Окслејд Чемберлен кој делуваше како изгубен во време и простор.

Само еден шпански прволигаш има повеќе голови од Меси

Постигна хет-трик против Еспањол, па два против Јуве, па синоќа четири против Еибар и кој знае кај ќе му биде крајот. Неговата ефикасност е глупаво да се споредува со други играчи, па ајде да видиме како таа изгледа со цели екипи.

Фантастичен гест на навивачи на Келн пред гостување во Белград

Поимот фудбалски навивач по дифолт на многумина им значи џаболебар, човек без школо, некултура и слично но има примери кои го докажуваат спротивното. Таков пример доаѓа од Германија.

Барса се истури од голови против Еибар, а Камп Ноу полупразен

Добро е, не сме имале само ние проблеми со полнење на стадиони, ете и една Барселона знае да се соочи со такво нешто. Синоќешниот меч против Еибар им е најнепосетен во последниве 6 години. Ама кај нив тоа се случува само со неатрактивни противници.

На Алиоски и Лидс полиција им кажуваше каде ќе шутираат пенали

Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски го постигна вториот гол во пенал серијата на мечот Барнли - Лидс од англискиот Карабао Куп (Лига Куп). Интересно е што по крајот на регуларните 90 минути (2-2), полицијата проценуваше која трибина зад головите е помалку ризична од навивачите за да се изведуваат пенали.

Несторовски ја реши Перуџа

По три нерешени средби, фудбалерите на Палермо конечно стигнаа до победа, вкупно втора оваа сезона по пет минати кола во Серија Б. Творец на триумфот беше Несторгол, негов втор по оној против Специја. Александар Трајковски беше на клупа.

Тренерот кој во родниот крај го сакаат повеќе од Дејвид Боуви

Откако ги спакувал куферите и заминал на пат околу светот, 70-годишниот Рој Хоџсон после 51 година се враќа дома, меѓу своите но пред најголемата задача во животот - да ги спаси од испаѓање како што спасуваше многу други.

Вака и во Фенербахче му ја вратија на голман

Ален Јоган од Горица на мечот со Марибор му ја врати на голманот на сличен начин, како што цела арена Филип Втори посака во 90-та минута да му ја вратат на голманот на Фенербахче. Словенците сега се во кошаркарски транс и нема многу да се трескаат од земја за автоголов, како што се трескаа Турците против Вардар.

Тони Мицевски ала Нејмар

Кариерата ја почна во Поешево на 17 години во 1987-ма. Да, сега сме 2017-та, Тони има 47 и уште ги дрибла во своето село. Деца учете, гледајте и нека ви биде чест. Па кој друг фудбалер кој стигнал до Бундеслига, се вратил да се поти на терени каде шетаат крави.

Грнчаров: Заслужува ли Вардар да игра на селски стадиони?

Одлуката на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор да го поскапи рентањето на Градски, ги избрка Вардар и Работнички од својот матичен стадион. Капитенот на Вардар реагираше на Фејсбук.

Кавани и Нејмар се степале во соблекувална, Тиаго Силва ги делел

За време на неделниот меч против Лион, Нејмар, Кавани и Дани Алвеш имаа неколку расправии околу тоа кој да изведе слободен удар и пенал. На крај Нејмар го тргнал Уругваецот од Инстаграм и им дал повод на новинарите да шпекулираат.

Куче го прекина мечот Сан Лоренцо - Арсенал Саранди

Маркос Сенеси го постигна единствениот гол во триумфот на Сан Лоренцо над Саранди со 1-0, но славата му ја зема едно мало интересно куче кое после мечот даваше интервју.