Нели жабарите мислеле само на Катеначо?

Умреа тие времиња кога италијанскиот фудбал претставуваше синоним за играње одбрана и само одбрана. Во Италија имаше многу ланска, а така е и оваа сезона. Ве поздрави мечот Удинезе - Перуџа од Купот на кој паднаа вкупно 11 голови.

„Денеска забележав подобрување во фазата на нападот“, изјави Масимо Одо, новиот предводник на Удинезе кој ја попари Перуџа во меч од Купот на Италија со 8:3.
 
Изјавата звучи малку комично. Како нема да забележеш подобрување, кога тимот ти дава 8 гола. За конечниот резултат од средбата Кориере дело Спорт пишува дека е надвор од секоја логика. Ама не е баш така бидејќи Италијанците се доста склони на давање голови во последно време.
 
Со 1.123 погодоци на 38 меча, минатата сезона Серија А ги урна сите стереотипи дека се лига во која се игра само на резултат, дека нема многу голови и дека мислат само на одбрана.
 
Оваа бројка на погодоци е вкупно трета најголема во историјата на италијанскиот фудбал, а минатата сезона им донесе поголема ефикасност од англиското, шпанското, германското и француското првенство.
 
На табелата во изминативе 10 години, Италија котира на високото второ место со скоро 3 гола по натпревар.

Што се однесува до лудиот веч на Фриули, домаќините водеа во 49-та минута 4:1, Перуџа за 6 минути се врати резултатски со два гола, но од 63-та до 86-та прими уште 4. Man od the match Макси Лопез со 4 погодоци.
 
Во осминафинале Удинезе ги очекува тежок двобој против Наполи.

1 декември 2017 - 11:30