Шест месеци по заминувањето во пензија, Франческо Тоти одлучи да посетува курс за тренери и да ја добие основата Б лиценца од УЕФА. Но тој нема да работи како тренер, барем не за сега.
Тоти не го завршил курсот бидејќи имал премногу отсуства и ќе мора да учи сè од почеток.
Курсот трае 7 недели и се оди шест пати неделно по 4 часа на ден, но легендарниот капитен на Рома бил присутен на вкупно 5 часа од вкупно 28, а според правилата не е дозволено отсуство повеќе од 16 часа.
Последниот натпревар во кариерата, Франческо Тоти го одигра на 28 мај годинава на мечот Рома - Џенова 3:2, кога во 54-та минута влезе на местото на Салах.
Целата 25 годишна кариера му ја посвети на еден клуб за кој одигра 786 меча, даде 307 гола, направи 197 асистенции и освои 5 трофеи од кои едно Скудето. Од оваа сезона е дел од раководството на Рома.
Ќе ве потсетиме на неговото епско испраќање, како и емотивното читање писмо до навивачите.