Фудбал

Петте неприкосновени сестри од Серија А

Порано беа седум и во тоа друштво спаѓаа Јувентус, Милан, Интер, Рома, Лацио, Фиорентина и Парма, но сега времињата се сменети, а во моментот тој епитет го носат пет екипи, поради тоа што се непобедливи кога играат со другите.

Како е изграден војничкиот менталитет на Бонучи

Славниот италијански дефанзивец не е оној истиот од Јувентус. Требаше да добие црвен картон за потоа Милан без него да експлодира на гости со 4 комада на гости. Човекот кој работел со него во позадина смета дека ги живее најтешките мигови во кариерата и дека ќе се врати оној стариот.

Комичната ситуација со резервата во Бразил

За време на мечот Фламенго - Флуминенсе домашниот тренер Валдемар го спрема резервниот играч Марсио Араухо да влезе на терен а реакцијата на навивачите во позадина е епска!

Херојот на столетието заигра фудбал во прва лига со ампутирана рака

Фудбалот често пати знае да испише инспиративни и емотивни приказни, а ако треба да се направи топ листа на 10, оваа ја ставаме на прво место, без конкуренција.

И Гвардиола како Чеде: Теренот не чинеше, лоша топка, висока трева

Советска тврда школа на фудбалот, далечен пат, лош терен, неискосена трева се само дел од стандардните оправдувања на тренерите и фудбалерите после поразите.

Михајловиќ: Вие го знаете Иво Андриќ?

Tемата за Ана Франк сè уште е жешка во Италија, а се отвори и на прес конференцијата по мечот Фиорентина - Торино, на која српскиот стратег повторно беше во главна улога, овој пат со контра реплика.

Го прави ли сега Раниери францускиот Лестер?

Италијанецот кој го направи најголемото чудо со Лестер сега доживува убави моменти и во Франција каде со уште еден аутсајдер сака да направи магија.

14-годишно дете даде гол на деби за Стеауа

Во романскиот фудбал вчера малиот Јанис Стоика постави историски рекорд откако дебитираше и даде гол на само 14 години. Цел живот ќе го памети мечот за својата Стеауа во Купот против Санататеа Клуж кој заврши 1-6 за гостите од Букурешт.

Сите сме Ана Франк

Во Италија и натаму трае скандалот со навивачите на Лацио и налепниците со ликот на Ана Франк. Играчите на овој тим пред мечот со Болоња излегоа во маици со портретот на најпознатото еврејско девојче.

Каде беше ВАР за пеналот врз Коларов?

Фудбалерите на Рома го победија Кротоне со пенал за кој слободно можеме да кажеме дека не постоеше, бидејќи Александар Коларов сам падна. Зошто не се искористи новата технологија за ваква крајно сомнителна ситуација која го реши мечот? За мода да не е ставена?

Не е можно дека му ја фати од толку блиску

Фудбалерите на Гремио славеа 0:3 против Барселона Спортинг клуб на првиот полуфинален меч од Копа Либертадорес. Голманчето им е скроз лудо. Ова треба да се прогласи за одбрана на деценијата.

Зоран Балдовалиев ала Кристијано Роналдо

Со голот на Балдовалиев, Академија Пандев има предност од 1:0 по првото полувреме од дуелот со Шкендија. Ветеранот од Струмица веќе два гола по ред ги прославува во стилот на најдобриот играч во светот според ФИФА.

30 години од денот кога Бабунски плачеше од тага, а Југославија од радост

25 октомври е датум кој е влезен во аналите на југословенскиот спорт и ден кој се одбележува во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и Словенија. Најдоброто од овие простори му покажа на светот како се игра фудбал.

Комитите не звучат јако само во ЛЕ

Градското дерби меѓу Вардар и Работнички се игра денеска (14:30) во бош време кога сите се на работа, но нејсе. Мобилизацијата на Комитите на ФБ во јубилејната 30-та година за нив и 70-та за клубот, продолжува со една песна која ја пееја една година по испаѓањето во втора лига во сезоната 2010/2011 и која се надеваат дека нема повторно да ја запеат.

Интер ли е Барса ли е?

Миланскиот клуб после долго време е прв на табелата а најголеми заслуги за тоа има тренерот Лучано Спалети кој конечно ги намести сите коцки кај „Нераѕурите“. Синоќа ја победија Сампдорија 3:2, а вториот гол на Мауро Икарди беше после акција ала-Барселона.

Меси и Роналдо никогаш не гласале еден за друг

Фудбалот во последниве 10 години се врти околу нив, тие важат за едни од најдобрите на сите времиња а необично е да се види како гласаат во изборот на ФИФА.

Наследникот на Болт е фудбалер од Индонезија

Теренс Пухири е за нас анонимен 21 годишен фудбалер кој игра за индонезискиот клуб Борнео. Не знаеме ништо друго за него, но силно сме убедени дека на тренинг го бркаат леопарди. 

На кого сè и како помага Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо вторпат по ред е избран за најдобар играч на светот според ФИФА. Тој им помага на Реал и на Португалија да освојуваат титули, но им помага и на обичните луѓе во светот.

Емотивното видео од збогумот на Тоти доби награда

Испраќањето на Франчесто Тоти во пензија е едно од најемотивните што може да постои кога е во прашање повлекување на некој играч од активно играње фудбал. Во Монтекарло го наградија во конкуренција на 12 други видеа.

Кој е малиот што го извади Венгер?

18-годишниот Едвард Нкетиа синоќа на мечот во Лига Купот против Норвич влезе во 85’ минута при 0-1 за гостите. Со првиот контакт израмни а во продолженијата му донесе победа на Арсенал.

Кварежма со еден потег го измести Гаел Клиши

Дербито меѓу Бешикташ и Башакшехир заврши 1-1 со голови постигнати после 90’ минута, но момент на мечот беше дриблингот на Португалецот Кварежма над Гаел Клиши.

Несторовски збрца два комада за Палермо

По четири кола без победа, фудбалерите на Палермо конечно стигнаа до 3 бода во втората италијанска лига. Сицилијанците го совладаа Карпи на гости со 1:3, а творец на победата е кој друг ако не Нестогол, кој од јануари месец немаше постигнато гол на гости.

Првите мундијалски голови на 17 годишниот Пеле

Човекот кој е поим за фудбал и кој е прогласен за најдобар играч на 20-ти век, вчера наполни 77 години. Првиот Мундијал во 1958-ма го освои како анонимен малолетник и блесна со 6 голови. Ќе се роди ли друг фудбалер на планетава кој ќе го подигне златниот пехар на три Светски првенства?

Нејмар има повеќе жолти картони и од Пепе

Во неделниот класик на францускиот фудбал Марсеј - ПСЖ, Нејмар доби два жолти картони за пар минути и прво исклучување во дресот на Парижаните. Со овие картони „О’Неј“ на 25 години и 526 меча во кариерата собрал вкупно 8 црвени и 138 жолти картони. Колку за споредба силеџијата Пепе на 530 меча добил 123 жолти и 9 црвени картони.