Влијанието на Погба во Манчестер Јунајтед

Оваа сезона постојат две верзии на Манчестер Јунајтед. Тоа се Манчестер Јунајтед со Пол Погба и Манчестер Јунајтед без Пол Погба. Мурињо и навивачите на Олд Трафорд ја сакаат првата.

По четири натпревари без победа од кои еден пораз во Куп и три нерешени во првенство, Манчестер Јунајтед славенички ја почна новата 2018-та освојувајќи 3 бода на гости против Евертон.
 
Црвените ѓаволи славеа 0:2 со головите на Марсијал и Лингард, но за играч на мечот беше прогласен Пол Погба. Французинот доби поголема слобода во играта, беше срцето во средниот ред и ги намести двата гола.
 
Оваа сезона тимот од Олд Трафорд дефинитивно има друг Погба за разлика од лани. Тогаш имаше 4 асистенции на 30 меча, а сега има 7 на само 12 средби, што е неспоредливо и плус има уште многу да се игра до крај.

Погба во просек мести гол на секои 149 минути во Премиер лигата, што е рекорд оваа сезона во конкуренција на играчите кои имаат по минимум една асистенција. Синоќа на Гудисон Парк имаше комплетирано 51 од 61 додавање и 81 допири со топка.
 
Оваа сезона велат дека постои Манчестер Јунајтед со Пол Погба и Манчестер Јунајтед без Пол Погба. Еве зошто:
 
Поминаа 435 дена откако Пол Погба загубил натпревар во Премиер лигата (23-ти октомври 2016-та против Челси). Од тогаш на 34 средби има скор од 21 победа и 13 нерешени, а Манчестер Јунајтед без него има 5 порази.
Погба во својот поранешен клуб направи кам бек на 8 август 2016-та откако потпиша 5 годишен договор за сума од 105 милиони евра со што го сруши рекордниот трансфер на Герет Бејл. Мино Рајола од тој трансфер ќари 27 милиони.
 
На Гудисон Парк беше расположен и за трикови
 

А усреќи и едно од децата кое собира топки 

На 13 март оваа година ќе се видат со наш Јане.

2 јануари 2018 - 11:46