Фудбал

Пандев го тресна Интер за нова голема победа

Капитенот на македонската репрезентација нема милост кон своите поранешни клубови. Откако пред две недели беше стрелец за големи 3 бода на Џенова против Лацио на Олимпико, вечерва стрелаше и против тимот со кој ја освои тројната круна.

Соиграчот на Ристовски од Спортинг кој игра ФИФА уличен фудбал

Тимот од Лисабон кој сериозно конкурира за титула после долги години во Португалија, синоќа направи голем чекор кон осминафиналето во Лига Европа. Губеа 1:0 па со 1:3 ја совладаа Астана пред реваншот за седум дена. За време на мечот аргентинското крило Маркос Акуња си играше со противниците.

Уште една култна легенда од Чемпионшип Менаџер а не е Фреди Аду

Уште не си се логирал на Менаџер а веќе праќаш понуди до Тонтон Ѕола Мокуоко, Марк Кер, Ким Калстром и по можност Черно Самба.

Што е работава со копирањето прослави на Садио Мане

Да е еднаш да го разбереш, да е два пати, исто да го разбереш. Ама зошто еден од најдобрите играчи на Ливерпул постојано прави „како први така други“?

Прошталниот меч на Пеле пред 160.000 гледачи против Југославија

На легендарната Маракана во Рио де Жанеиро на 18. јули 1971 година се одиграл пријателски меч меѓу Бразил и Југославија (коментаторот ја нарекува европски Бразил) по повод опростувањето на О’Реи од националниот дрес.

Кореографијата на навивачите на Копенхаген

Нивниот тим поведе 1-0 па после ја почуствува силата на Атлетико Мадрид - мечот заврши 1-4, но ќе остане во сеќавање кореото на домашните пред мечот.

Скендербег казнет 10 години и милион евра од УЕФА

Неколкукратниот албански шампион Скендербег од градот Корча ја заработи најголемата казна во историјата на ФИФА и УЕФА. Поради местење резултати, албанскиот клуб една деценија ќе биде без еврокупови!

Милан сигурен во Бугарија, Ристовски остана на клупа за Спортинг

Фудбалерите на Локомотив го направија најголемото изненадување вечерва во Лига Европа откако губеа 2:0 па славеа 2:3 кај Ница. Фаворитите сигурни: Милан, Арсенал и Дортмунд чекор пред пласман понатаму.

Колкави биле казните за глума порано?

Во славната генерација на Борусија Дортмунд во 1995-та играше и Андреас Милер кој за оваа глума што ќе ја видите на видеото беше казнет: 2 лигашки меча, 10.000 германски марки и на определено време тргнат од репрезентацијата.

Кога Замбија и Брегот на Слонова Коска шутираа 15 пенали

Африкански Куп на Нации 2012. Финале: Замбија - Брег на Слонова Коска. Едниве аутсајдери, другиве дојдени со браќата Туре, со Дрогба, со Вилфред Бони, со Жервињо. Дидие промашува пенал за победа во второ полувреме, и се оди на пенали. А таму голманите дремнаа.

Аут фрла компир вади

Микел Квист е дански фудбалер со колумбиско потекло. Има 24 години и игра за клубот Хорсенс во Данска. Фрла такви аути што не знаеш дали е корнер дали е фаул.

Италијански новинар го тролаше Конте со потпишан дрес од Мурињо

Меѓу италијанските новинари има и класични тролачи, а еден од нив ја искористи последната прес-конференција на Конте во Лондон да му подари дрес од Манчестер Јунајтед со автограм од Мурињо и натпис: „До мојот драг пријател Антонио“. На крај тренерот на Челси му кажа дека може слободно да си го земе назад дресот. Ова доаѓа по жестоките напади на релација Конте-Жоозе.

Ариц Адуриз - Несудениот лизгач кој стана легенда на Билбао

Пред три дена наполни дури 37 години но тоа не му смета да е прв стрелец во Лига Европа со 8 гола и да го држи Атлетик Билбао во мирната зона во Ла Лига. А малку фалело да стане лизгач на брзи патеки.

Како Арсенал се бори да остане во Топ4

После 27 одиграни кола во Премиер лигата, Арсенал е 6. место им 13 победи, 6 нерешени и 8 порази. Местото кое води во Лига на шампиони го држи Челси кој им бега за 8 бода.

Ливерпул страшен во Порто, Реал покажа кога е најсилен

Фудбалерите на Ливерпул вечерва остварија една од поубедливите победи во еврокуповите во клупската историја. Со 0:5 го згромија Порто на „Драгао“ и се сигурен патник во четвртфиналето. Реал кога сите го отпишуваа покажа зошто е Реал.

Лампард пишува книги за деца во кои лошиот е Мурињо

Кога во февруари 2013-та година Френк Лампард објавил дека ќе стане писател, малкумина му поверувале и мислеле дека се шегува. Брзо покажал каков талент поседува.

Податокот за Барса на кој ќе се изнервираат мадридистите

Темата за тоа кој повеќе е оштетен и кој повеќе добива пенали е позната како жешка тема меѓу навивачите на Реал и Барселона. Овие првиве сега ќе урлаат.

Манчестер Сити постави нов историски рекорд во пари

Просто зачудувачки делуваше информацијата дека лидерот од Премиер лига за својата одбрана инвестираше повеќе од буџетите на 52 земји кои ги имаат во своите министерства за одбрана меѓу кои и Македонија. Можат они и уште повеќе од тоа.

Премиер лигата се крми со 4,5 милијарди фунти од ТВ права

Текстовите во кои се пишува како некој таму Брајтон заработил повеќе од Реал Мадрид за телевизиски права на нивните натпревари ќе читаме и во иднина.

Џовинко нема милост во американската лига

Знаете ли колку погодоци има Себастијан Џовинко во МЛС? 65 за три сезони. Италијанскиот голгетер се изнаигра и се изнадави голови во САД и со оглед на квалитетите кои ги има веројатно рано му беше да оди на 28 години во фудбалска лига која е далеку под водечките во светот. Погледнете како го прави тоа, како да е пердуф лесно.

Гатузо во Милан месечно зема отприлика колку и македонските тренери

На некогашниот најголем борец на фудбалските терени во Европа не му ја зголемиле платата која што ја земаше како тренер на младинците.

Пипита постигна два најбрзи гола во историјата на ЛШ

Аргентинецот Игуаин синоќа против Тотенхем даде два гола за само 8 минути и 7 секунди од почетната судиска свирка. Тоа е најбрзиот дубл на еден играч во историјата на Лига на шампиони. Претходниот рекорд го држеше сонародникот на Игуаин, Хулио Круз кој во дресот на Интер во сезоната 2006/2007 година против Спартак Москва дал два гола за 8 минути и 30 секунди.

Да видиш кого ПСЖ пушти на улица пред Реал Мадрид

Пред големото дерби од Лигата на шампионите вечерва меѓу Реал и ПСЖ, францускиот клуб со себе го понел и фристајл тимот S3 да прави шоу на улиците во Мадрид.

Тоа е тој прием на топка

Бернандо Силва е една од ланските инвестиции на Манчестер Сити вредна 50 милиони евра кој пристигна од Монако. Португалецот кој е продукт на Бенфика има 23 години, светла иднина и многу сенс со топка.