Панатинаикос е суспендиран поради долгови кон сегашни и поранешни играчи. Актуелниот состав на клубот од Атина во претходните два месеци неколку пати штрајкуваа и не тренираа поради тоа што не добиле примања од декември минатата година.
Пред крајот на 2017-та УЕФА го опомена ПАО и му наложи до први март да ги регулира спорните долгови но грчкиот клуб не стигнал на време да ги исполни обврските (долгови од 5.631.000 евра).
Панатинаикос е најстар грчки клуб којшто веќе неколку сезони ги проживува најтешките години од основањето. Грчката лига неодамна му одзема на ПАО три бода поради долгови кон поранешниот бек Јенс Вемер а овојпат и парично ги казнија па „Зелените“ ќе мора да платат 100.000 евра.
УЕФА ги казнува клубовите исклучиво за долгови кон играчите и тренерите (сегашни и поранешни), т.е. за долгови кон спортскиот сектор.
Во случајот на ПАО воглавном станува збор за долгови кон странските играчи.
Во грчката Супер лига каде АЕК ја освои титулата после цели 24 години, Панатинаикос после 28 кола е десетти со 32 бода и малку фалеше поради заканата со одземање повеќе бодови да испадне во втората лига.
Како стојат работите, во случај Панатинаикос да не ги надмине сериозните проблеми му следува административно исфрлање од лигата - пат кој го изоде нивниот ривал АЕК кој заврши во трета лига, па се врати во втора, па во прва и на крајот ја освои титулата.
„Детелините“ се вториот најтрофеен клуб во Грција но број еден грчки клуб во Европа со финале на Купот на европски шампиони во 1971 и две полуфинање во тогашната Лига на шампиони во 1985 и 1996 година.