Едно време кога ПСЖ не беше Нејмар и милијардите

Раи Соуза Виера де Оливеира е Бразилецот којшто од 1993 до 1998 беше и остана најомилен играч на навивачите на Пари Сен Жермен.

Со парискиот клуб, Раи го освои Купот на Куп победници во 1995/96, стигна до финалето на овој Куп следната 96/97, стана шампион на Франција и ги освојуваше Купот на Франција (два пати), Супер Купот и Лига Купот. Играше за Бразил на Светското 1994.

По 145 меча и 51 гол за ПСЖ, Раи се прости од „Паркот на Принцовите“ на денешен ден пред точно 20 години. Само слушнете го како плаче на последниот натпревар и дали залижаните ѕвезди денес би го направиле ова: