Фудбал

Ендрик и порано да ти бил многу безобразен

Малиот 17 годишен Бразилец Ендрик кој на голема врата дојде во Реал Мадрид, почна да ја покажува и својата темна страна. Иако веќе блесна на највисоко ниво, даде дебитантски гол за Реал во Ла Лига и во Лига на шампиони, даде гол за Бразил на сред „Вембли“ во победа против Англија и сите го испофалија, сепак има некој во Бразил кој памти дека тој знае да биде и доста безобразен.

Ќе скршите прозор играјте подалеку

За време на натпреварот меѓу Албион Монтевидео и Торке кој завршил со победа на домаќините 2-1, во еден момент топката летнала кај коментаторската кабина каде скршила стакло. Коментаторот прибран и добар, неповреден.

Колку сакам ќе свирам, не е ова театар

Си немал работа навивач на Јувентус на трибина, па почнал да му мрчи на друг навивач зошто свирел на сред натпревар, мислиш на балет се отидени, Оревокршачка. Овој прво го отера со пцовки, а потоа фати уште толку да свири по што заработи и аплаузи.

Никој како Арсенал не краде време - на прекини и на гол-аути

Скоро сите навивачи на премиерлигашите сакаат што поскоро Сити да биде тргнат од тронот. Од таа причина многу навивачи на други клубови го бодрат и Арсенал во намерата да ги кутне „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Минатиот викенд се играше големото дерби меѓу овие два тима и заврши 2-2. Сити се извади со гол буквално во последни секунди, во 90+8’ минута од судиско продолжение.

Шефе, абе зошто ме вадиш? Чекај гол падна

Милан имаше катастрофално лоша серија во дерби дуелите со Интер. Последен пат ги победија во септември 2022-ра, а од тогаш наваму претрпеа шест порази од кои некои убедливи во сите три натпреварувања. Оваа мизерна серија заврши минатиот викенд кога Милан славеше 1-2 со гол на стоперот Габија во 89’ минута. Инаку Леао само неколку секунди претходно беше изваден од игра од тренерот Фонсека, па му се бунел крај аут-линија. Тренерот имаше попаметна работа.

Реал Мадрид 1 година нема пораз во Ла Лига, 4 меча го делат од историски рекорд на Барса

„Кралевите“ со 3:2 го совладаа Алавес а малку фалеше да го прокоцкаат триумфот затоа што од убедливо водство од три гола во само една минута примија два гола и до крај едвај ја сочуваа предноста. Со оваа победа Реал продолжи огромна серија без пораз.

Славеничко полско дерби кое се игра по пауза од 19 години

Пољаците знаат да извадат јака навивачка атмосфера, ама не само во режија на навивачите на Легија Варшава. Горник Забрже и Катовице кои се оддалечени 20 км, се среќаваат за прв пат во прва лига после 19 години. Горник славеше 3:0, а двоен стрелец беше Лукас Подолски кој уште игра на 39 години и ова му е четврта сезона за оваа екипа. Прекрасен амбиент направија навивачките групи кои слават 15 години пријателство.

Он кога удира добро е, а другите се расисти кога го вреѓаат

Реал Мадрид со 3-2 го совлада Алавес, освои три бода и сега со 17 поени ја продолжи трката по Барселона која е прва со 18 бода но и натпревар помалку. Стрелци беа Лукас Васкез, Мбапе и Родриго за 3-0 а гостите во само 1 минута намалија на 3-2 од 85-та до 86-та минута. Винисиус Жуниор уште еднаш покажа колку пргав знае да биде кон противничките фудбалери.

Мали, бери памет

Реал Мадрид куртули против Алавас бидејќи за влакно не ги прокоцка комотните 3:0. Гостите возвратија со два гола во две минути, 85-та и 86-та, неколку минути претходно имаа статива, а во судиско имаа уште две шанси. Ендрик пак дефинитивно не требаше да куртули. За ваков подмолен и неспортски потег се крка директен црвен, суспензија од неколку кола и лекција во соблекувална од Дон Карло. Ваква идиоштина од 90-ти не е видена во фудбал. Да си го воспитате со време детево. Во Шишево не прават вака, а не па во 15 кратен првак на Европа. 

Најскромниот трофеен фудбалер кој нема социјални мрежи

Поради тешка повреда на коленото, Шпанецот Родри веројатно веќе нема да заигра сезонава. Тоа е загуба не само за тимот и тренерот Пеп Гвардиола и навивачите, туку и за сите оние кои го ценат фантастичниот фудбалер без кого беа незамисливи успесите на Сити и на Шпанија.

Барса ли е, Сандерленд У-18 ли е?

Следете ја внимателно акцијата на Сандерленд У-18. Воодушевачки е колку делуваат зрели за годините и колку само тимски и паметно ќе ги измамат противниците. А ќе речеш деца. Врвно одиграно од почеток до крај.

Како изгледа рушење огромен стадион?

Стадионот „Шах Алам“ во Малезија е изграден на почетокот на ’90-те години. Со капацитет од 80.000 гледачи го користеле толку многу во изминатите 30 години што веќе му дотраел векот. Пред неколку години решиле да го уриваат и да изградат нов, најмодерен стадион. На 1-ви јули почнале со уривање а за да привлечат внимание секој чекор од процесот го снимале на холивудски начин.

Кај им текнува бе?

Го искритикувавме бајаги Халанд, ама па и со право, бидејќи е сепак Халанд од Манчестер Сити кој треба да претставува модел за однесување пред децата кои го гледаат. Еве на пример, што му фали во едно вакво симпатично издание :))).

Интелигенцијата и уметноста на Сергеј

Лацио и Серија А загубија многу со продажбата на Сергеј Милинковиќ Савиќ во Саудиска Арабија, кој потпиша неодолив тригодишен договор од 30 милиони евра по сезона. Погледнете го триков. Мозок.

Ти влегува Ламин Јамал во такси и што правиш?

Најдобриот фудбалер на Европското првенство кое го освои неговата Шпанија и ѕвезда на Барселона, младиот 17-годишен Ламин Јамал веќе стана светска сензација. Игра фудбал растура. Асистира и дава голови и најзаслужен е што навивачите на Барселона најдоа утеха после Меси.

Кој ќе го замени голманот Тер Штеген во Барселона?

Ужасната повреда на едниот од најдобрите европски голмани Германецот Марк-Андре тер Штеген ја примора Барселона среде сезона да бара чаре со нов голман. Тер Штеген ќе отсуствува најмалку до крајот од сезоната.

Фудбалскиот терен во Хамбург кој се наоѓа до бункер од Втора светска војна

Имаме видено купишта фудбалски терени и стадиони до згради и куќи и тоа не само кај нас, како и до мориња и планини. Ама никогаш до бункер. Баш да видиме за што се работи.

Му стапна на столчето на Ханси Флик, па доби опомена

Барселона има бесен старт на сезоната со 6 победи на 6 меча и со гол разлика 22:5 во шпанска Ла Лига каде се први со 18 бода. Реал Мадрид заостанува 4 бода на второто место. За време на последниот натпревар кај Виљареал (1:5), 16-годишниот талент Тони Фернандез кој е резерва на клупа, ладно си стапнувал на столчето предвидено за тренерот Ханси Флик. Германецот го откри.

Како коментатор од Северна Кореја реагираше на гол за светска титула на неговата земја?

Северна Кореја ја совлада Јапонија со 1:0 во финалето на Светското првенство за жени до 20 години. Коментаторот мислиш на парастос го пратиле.

Мбапе до голманот: „Џабе ми верглаш, ништо не те разбирам“

Еспањол во саботата вечер поведе прв на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид по автоголот на Тибо Куртоа во 54’ минута. Тоа како да го налути домаќинот кој од 58-ма до 90-та минута постигна 4 гола и славеше убедливо 4-1. Килијан Мбапе го даде последниот погодок, од пенал. Пред пеналот голманот на Еспањол Жоан Гарсија пробал да го изиритира Французинот а овој му одговорил: „Збор не те разбирам, џабе збориш“.

Простачко однесување на Халанд

Ерлинг Халанд дефинитивно изгледа на неискалено, недозреано и невоспитано детиште со сељачки манири. Прво му се чепати на противнички тренер, а потоа место да му даде објаснување на Габриел Жезус за идиотските манири на сред натпревар, од нигде никаде го пцуе во фаца ко кочијаш. Разочарувачки однос на играч кој е или претендира да стане светска ѕвезда.

Ветераните во свој стил - Гереро, Енди Керол и Подолски уште решетаат

На дуелот Гурник Забже - ГКС Катовице, Лукас Подолски постигнал два гола, еден во 4-та минута, друг во 64-та минута а неговиот тим победил 3-0. Подолски има 39 години.

Им го закачи од 70 метри а?

Само еден погрешен пас, погледнете што може да донесе и тоа на центар на игралиште во 88 минута. Еврогол за најавни шпици на Тор Јакобсен и 3 бода за Минхен 1860 на гостувањето против Арминија Билефелд.