Фудбал

Стигна топката од Премиер лига за Офсајд

Нè поздрави Филипе Кутињо. Нас како редакција и вас како читатели. Поздравот ни стаса преку Анета Перевска, некогашен првотимец во нашата екипа. Добивме и подарок, кој Бразилецот ни го потпишал додека беше член на Астон Вила, па да се пофалиме, бидејќи не е дека секој ден ни стасуваат на работа сувенири потпишани од ѕвезди.

Голот на Милан во 89-та минута за огромен триумф во дербито со Интер

Поради нешто послаб почеток на сезоната на Милан, медиумите веќе го отпуштија новиот тренер Фонсека. Како што обично бива во современиот, модерен фудбал, тренер нема шанса ни пар недели да издржи ако му се навртат лешинарските медиуми. Фонсека го издржа целиот притисок и Милан со 1-2 го совлада Интер. Стоперот Габија даде гол во 89-та минута за триумф и прекин на предолгата серија победи на Интер од 6 триумфи по ред уште од 2022-ра!

Диего Коста го пратиле да игра со младинци, па и таму се степал

Има 35 години. Играше во Португалија за Брага, играше за Атлетико Мадрид 7 години во два мандати и постигна повеќе од 55 гола, играше во Челси каде за три сезони на 89 настапи даде 52 гола. Играше во повеќе бразилски клубови ама џабе му е се. Таков идиотски однос ретко кој фудбалер или општо спортист има. Го пратиле да игра за тимот на Гремио до 20 години, со младинци. И таму се степал.

Дојдете кај чичо Филипе да си поиграме

Го подзагубивме од радар Филипе Кутињо. Лани заигра во Катар, а од летово е член на Васко де Гама каде ја почна кариерата. Не ги оправда оние 105 милиони евра кои Барселона ги плати за трансферот од Ливерпул, ама и не помина лошо на Камп Ноу. Четири сезони- четири трофеи, а потоа тројна круна со Баерн. Да видиме како се забавува во Бразил.

Еврогол на Вардарци, тепачка на Лозари со управата и удрен судија

Судијата Александар Ставрев не дозволи 90 минути фудбал меѓу Тиквеш и Вардар и предвреме свирна крај. Победата оди кај гостите благодарение на евроголот на Закариќ. Настрада помошникот кој од публика го погодија со тврд предмет, а Спорт1 објави видео од тепачка на која се гледа како домашните навивачи напаѓаат двајца членови од раководството на Вардар.

Неубав потег на Халанд

Со голот на Џон Стоунс во 98-ма минута, Манчестер Сити се спаси од пораз од Арсенал и извади реми (2:2). Ерлинг Халанд после голот направи неспортски потег кој на големо се коментира во Англија.

Асистенција на Јамал за медал и седеечки ножички на Левандовски

Фудбалерите на Барселона многу моќно ја стартуваа новата сезона. Виљареал го потопија со 1:5 и сега имаат 6 од 6 со 22 постигнати гола или скоро 4 по натпревар. По два гола постигнаа Левандовски и Рафиља, а стрелец беше и Торе. Внимавајте добро каква асистенција испорача Јамал на свои 17 години и како се снајде ветеранот Левандовски во шеснаесетник.

Какви два гола даде 16-годишно дете на Хајдук Сплит

Хајдук Сплит го искористи срамниот дебакл на Динамо Загреб кој изгуби 4:1 од Славен Белупо во Копривница (Несторовски стрелец на убав гол за победникот). Сплитскиот клуб со идентичен резултат 4-1 ја совлада Горица после пресврт откако гостите први поведоа во 5' минута. Шест минути подоцна на сцена стапува малиот Бруно Дурдов, 16-годишно дете на Хајдук Сплит кој прво го израмни резултатот со прекрасен погодок а после во 55-та минута режираше пресврт со уште поубав гол.

Динамо Загреб декласиран и од Славен Белупо, супер гол на Несторовски

Бурата во Динамо Загреб не се стишува. По ремито со Ријека (1:1), поразот од Хајдук Сплит дома на „Максимир“ (0:1) и историскиот дебакл 9:2 од Баерн Минхен, „модрите“ претрпеа уште едно историско понижување. Изгубија 4-1 од Славен Белупо во домашното првенство што им е најтежок пораз во историјата од овој противник. Четвртиот гол за домаќините го постигна македонскиот центарфор Илија Несторовски кој даде супер погодок и потврди дека игра во голема форма.

Само во Африка го има ова

Немаат трева, ниту мрежа, за трибини да не зборуваме. Ама душата им игра фудбал. Генијалци.

Маестрална завршница на подзаборавениот Роки, најдобриот партнер на Пандев

Tомазо Роки е некако подзаборавен лик, но сигурно не и за Горан Пандев со кој перфектно беа воиграни во Лацио и растураа со голови. Налетавме на видео од натпревар против Интер. Погледното му го приемот и завршницата. Чиста 10-ка. Жулио Цезар брани.

Состојбата на стадионот на Клуб Бриж

Другпат пред да се исмеваме со состојбата на македонските стадиони и да ликуваме на таму некои други, да погледнеме како изгледа еден тоалет на стадионот на Клуб Бриж, „Јан Бредел“ во Белгија. Претставник на Белгија во Лига на шампиони. Во 1. коло играше со Борусија Дортмунд дома и загуби 0:4. Некој германски навивач ги прашал на Твитер „дали не им е срам од клозетиве“?

Секоја маалска екипа има некој ваков мајстор

Колку пати ви се случило да видите ваква дискрапанца, некој дебел фудбалер да има врвен осет за фудбал? Примете го додавањето на самиот почеток на старт на видеото.

Најлудите две одбрани во Лига на шампиони

Аталанта и Арсенал одиграа меч со многу шанси но без голови. Најголема прилика имаа домашните фудбалери во 50’ минута кога добија пенал. Центарфорот Ретеги изведе а шпанскиот голман од Арсенал Давид Раја му ги одбрани на два пати спектакуларно и пеналот и одбиената.

Со Милер на патос легнуваат играчите од смеа

Легендата на Баерн се сопна од белата трака поставена на тревата и толку од тренингот. Сите фатија да се смејат, од играчи од тренерот Компани. Томас на крај дури и рече дека ова ќе биде клип на месецот, печен за кликови.

Виктор мајсторе и во редакција останавме збунети

Со двата гола на Вирц, еден на Грималдо и еден автогол, германскиот првак Баер Леверкузен го потопи Феенорд и тоа уште во прво ги постави конечните 0:4. Виктор Бонифејс се истакна со нереален пас. Велемајсториште.

Маестралниот гол на Кокчу за Бенфика на Маракана

Бенфика го преброди тешкото гостување на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград и со 1-2 ја совлада Црвена звезда. Гостите од Португалија славеа со два гола на турските интернационалци, Керем Актуркоглу и Оркан Кокџу.Покрај двата погодоци Бенфика немаше други шанси, а домаќинот стигна до само еден гол за да го ублажи поразот.

Мајкл Џордан на Монако - Барселона

Што да гледаш попрво на стадиониот „Луј 2“ во Монте Карло, Лига на шампиони, Монако - Барса или иконата на кошарката, Мајкл Џордан? Погледнете ја оваа неповторлива фаца која зрачи со енергија и 6 прстени со Чикаго поради кои останувавме без спиење. Фрчеа телефони, слики, селфија, автограми.

Барселона поразена со играч помалку, Атлетико до цел плен во последни секунди

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со 2-1 го совладаа РБ Лајпциг со гол во последните моменти од мечот на стоперот Хозе Марија Хименез. Елиф Елмас доби прилика во самиот финиш и одигра десетина минути. Барселона цели 80 минути играше со играч помалку и изгуби 2-1 од Монако.

Интересна сцена на крај меѓу Халанд и Ачерби

Иако има 36 години, Франческо Ачерби успеа да го сопре 12 години помладиот и моќен Ерлинг Халанд. Се помајтапија на крај. Халанд: „Знам дека ми го сакаш дресот, постојано ми го тегнеше во игра“. Ачерби: „Два сакам“. Халанд: „Два? Абе оди еби се“.

После 1.228 дена Ајакс виде црвен картон за противнички играч

Чудни нешта се случуваат во холандскиот фудбал. Таму Ајакс пропушти 3 од воведните 5 кола поради тоа што полицијата во Амстердам веќе 2-3 недели е во генерален штрајк па немал кој да ги обезбедува натпреварите. Синоќа Ајакс конечно заигра првенствен меч и славеше 5-0 над кутрата Фортуна Ситард. Гостите добија и црвен картон, поточно стоперот Родриго Гут уште во 45’ минута од првиот дел. Тоа беше верувале или не прв црвен картон за противник на Ајакс по мај 2021-ва или по точно 1.228 дена!

Црвена звезда и Бенфика точно на ист датум имаат одиграно луд меч во Белград

Вечерва од 18:45 на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград ќе се одигра дуелот меѓу Црвена звезда и Бенфика во рамки од 1. коло на Лига на шампиони. Овие два ривали последен пат се сретнале во 1/16-финале на некогашниот Куп на европски шампиони и одиграле луд натпревар.

Бомбата на Скилачи против Уругвај на Мундијалот 90

Италија 1990 важи за култно светско. Бразил ги имаше Ромарио, Дунга и Бебето, Колумбија Рене Игита и Валдерама, Аргентина ја предводеше Марадона, силната Германија стана првак со легенди како Матеус, Бреме, Клинсман, а ние ги имавме Панчев и Станојковиќ кои со Југославија загубија од Аргентина во четвртфинале на пенали. Но шоуто го украде Тото Скилачи, кој стана прв стрелец со 6 гола и беше прогласен за најдобар играч.

Голманот на Тотенхем му должи вечера на Бен Дејвис

Паралелно со ЛШ, и синоќа имаше англиски Лига Куп. Тотенхем го доби Ковентри на гости со 1:2, а при резултат 0:0, сè и сешто се случи пред голот на гостите.