Фудбал

Љубов на прв допир

Уште не почната Серија А, тој почна да везе. Милан го совлада Бари во првото коло од Купот со 2:0 и толку требаше. Хрватскиот маестро го има на клипови. Прецизност, рационалност, преглед на игра, атрактивни потези. Тоа е Лука Модриќ. Класа играч и на 40 години, кои ќе ги наполни следен месец.

Марадона, Роналдињо и Тоти

Реткост и привилегија е да се гледа видео од тројца фудбалски икони, кои инаку доаѓаат од три различни земји кои заедно имаат 12 светски титули.

Трансфер лудилото во Премиер лигата во вредност од 2,6 милијарди евра

Летниот преоден рок во Премиер лигата е синоним за пари. Многу пари. Пазете, само Барнли, Сандерленд и Нотингем Форест, летово за засилувања заедно потрошиле 460 милиони евра.

Дунстер на колото

Дваесет и шест годишниот голман на ФК Теплице од Чешка, Матуш Трмал е малер на колото поради кардиналната грешка која на крај ја направил на гостувањето кај Словачко. Неговата екипа водела 0-1, со негова грешка примиле гол за 1-1 а набрзо во 90+5' минута си дале и автогол за пораз 2-1.

Манекени, не бива од фризер на утакмица

Довчерашната гол-машина на Спортинг, Виктор Ѓекереш го реметат на социјалните мрежи дека бил дрво на дебито за Арсенал против Манчестер Јунајтед и дека не се споил со топка. Кој знае каков коментар би дал за клипов Рој Кин и ред други строги ликови од таа фудбалска клапа. Абе 5 саати ја мазни, мислиш на модна писта работи.

Во Словенија падна голот на сезоната

Во дербито на 5. коло во словенечката фудбалска лига, Копер на гости ја совлада Олимпија Љубљана со 1-3. Последниот погодок за гостите, дело на Дени Јуриќ кој поднесе кандидатура за гол на сезоната.

Фудбалот не е игра со топка по која трчаат 22 будали

Се игра со нозе, ама треба многу памет. Погледнете ја интелигенцијата и осетот на Крис Вуд од Нотингем Форест. Веднаш штом забележа дека Брентфорд го губи поседот на топката, фати спринт во противничкиот шеснаесетник и потоа рутински ја заврши работата. И искуство е во прашање. Скоро 700 настапи има за клуб и репрезентација.

Даваат ли награда за најубав гол со глава?

Атлетико Мадрид ја отвори сезоната со пораз од Еспањол (2:1). Хулиан Алварез постигна прекрасен гол за гостите, а Пере Мила победнички за домаќините. Со глава од 15-16 метри.

Жиру уште на дебито стана најстар стрелец за Лил

По 38 меча за Лос Анџелес, Оливие Жиру му се врати на европскиот фудбал и тоа дома во родната Франција. Не се осеќаат неговите години кога ќе фати топка во шеснаесетник и дефинитивно е еден од потценетите шпицови. Уште во 11 минута на гостувањето против Брест (3:3), даде гол на дебито за Лил и стана најстар стрелец во историјата на клубот со 38 години, 10 месеци и 18 дена.

Со прекрасен гол го распали „Монументал“

Во новата сезона од аргентинската лига, Ривер Плејт веќе има 3 победи и 2 нерешени средби и со 11 бода е прв на табела. Синоќа со 4-2 го совладаа Годој Круз. По два гола дадоа Себастијан Дриуси и Џулиано Галопо, а еден погодок беше најубав на колото во Аргентина.

Хулијан Алварез се отвори уште во прво коло

Атлетико Мадрид со пораз ја почна новата сезона од Еспањол 2:1. Но, тоа не го намалува фактот дека Хулијан Алварез постигна прекрасен гол од слободен удар.

Шоу на Кутињо и Васко да Гама, Нејмар плачеше од мака

Васко де Гама немилосрдно го прегази Сантос на гости со 0:6. Издвојуваме две мајстории, едната на Давид Кореа да Фонсека, другата на Филипе Кутињо. Нејмар не можеше да се помири.

Му поништија мераклиски гол на Милер во новиот клуб

Томас Милер за прв пат облече друг дрес, а да не е оној на Баерн Минхен. И веднаш можеше да блесне, уште на дебито за Ванкувер против Хјустон, меч кој заврши 1:1. Но, немаше среќа, бидејќи оној кој му асистираше беше во офсајд позиција. А убав гол ќе беше.

Фина комбинација и атрактивен финиш од слободен со Хулк како асистент

Ова ретко се гледа. Хулк да има слободен удар и да ја подаде. Ама да ти имал другарче во Атлетико Миниеро по име Густаво Скарпа, кое исто така може да се пофали со силна левица.

Ришарлисон веќе го има голот за најавни шпици во Премиер лигата

Фудбалерите на Тотенхем имаа убаво отворање на новата сезона и покрај болниот начин на губење на трофејот во Супер Купот во средата. Го совладаа Барнли со 3:0. Два гола даде Ришарлисон, кој експлодираше со бомбастична атракција.

Добро е, жив е

Веројатно го видовте видеото кое го објавивме вчера од Индонезија, каде прослава на гол се претвори во несреќа, а истовремено и енигма за исходот на несреќниот стрелец. Се појави видео од друг агол. Не била баш наивна дупката.

Македонски бисери во прв тим на Црвена звезда, едниот дебитираше

Во пресрет на баражот за пласман во елитната Лига на шампиони против кипарскиот шампион Пафос, тренерот на српскиот првак Црвена звезда Владан Милојевиќ реши да го смени речиси целиот тим за првенствениот дуел против Младост Лучани. Белграѓани победија а дебитираше млад македонски фудбалер.

Две бугарски ремек дела во рок од 4 минути

Не можеме да ги допратиме голчиштата од синоќешните натпревари во еврокуповите. Налетавме на две од мечот меѓу Арда од Бугарија и Кауно Жалгирис од Литванија. Бугарите одат во плејофот од КЛ после триумф од 2:0, остварен со мајсториите на Димитар Велковски и Светослав Ковачев во 8 и 12 минута. Кој од кој поубави.

Најсериозниот кандидат за гол на сезоната и од друг агол

Веќе го објавивме неверојатниот гол на Шкотланѓанецот Кирон Боуви од Хиберниан на мечот против Партизан кој заврши 2-3 за гостите. Сега и од друг агол.

Кога Адриано му рече на Сидорф помести се

На 14-ти август 2001-ва година, Интер му гостува на Реал Мадрид на пријателски натпревар во чест на трофејот „Сантијаго Бернабеу“. Во 85' минута од мечот тренерот Марчело Липи го вади од игра Бобо Виери и го става 19-годишниот Бразилец Адриано.

Магична контрола на топка на шпански фудбалерки

Каква прецизност, каква елеганција, каков стил и брзо ослободување од топка. Шпанска женска репрезентација во футсал на меч против Јапонија.

Убавината на фудбалот во најтешки моменти

Голманот на белгискиот нисколигаш Јонг Генк, Брент Стивенс имал деби во професионалниот сениорски фудбал само една недела откако го изгубил татко му. После минута молк пред дуелот со РФЦ Лиеж, сите противнички играчи дошле да го гушнат и да му изразат сочувство. Во текот на натпреварот одбранил пенал па ривалските навивачи му аплаудирале и му честитале.

Презимето ти значи црвено, не сакаме да слушнеме, ќе ти стои само име

Еднаш поранешен македонски репрезентативец, одличен фудбалер, раскажал анегдота дека кога отишол на проба во белградски Партизан, на тренинг се појавил со црвени шорцеви. Го вратиле моментално а тренерот му рекол: „Јас дома патлиџан не јадам зошто е црвен, ти со црвени шорцеви ми доаѓаш“. Нешто слично го снашло и некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Бока.