Шестолигашот Маклсфилд на својот стадион „Мос Роуз“ го совлада актуелниот шампион во ФА Купот Кристал Палас со 2-1 и така влезе во историјата на англикиост фудбал.
Еуфоријата како вулкан избувна на малото стадионче на Маклсфилд, а навивачите како по обичај во Англија го преплавија теренот и со играчите славеа како да влегле во Премиер лига.
Интересно тренер на Максфилд е помладиот брат на Вејн Руни, Џон Руни. Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед беше крај теренот во улога на стручен коментатор за БиБиСи и после натпреварот бил во шок и не можел да поверува каков успех направил брат му.
Разликата меѓу Максфилд и Кристал Палас е дури 117 места во англиската фудбалска пирамида, а Кристал Палас има играчки кадар вреден стотина милиони фунти наспроти клубот кој пред неколку години ќе испаднеше и од шеста лига.
Максфилд поведе во 43' минута преку Пол Досон:
Исак Бакли-Рикетс зголеми на 2-0 во 61' минута:
Кристал Палас кој играше со речиси сите стандардни фудбалери од прва постава, само намали на 2-1 преку Јереми Пино со прекрасен гол од слободен удар во 90-та минута:
Во 155 годишна историја на ФА Купот, ова е само втор пат актуелниот освојувач на пехарот да испадне од шестолигаш!
МАНЧЕСТЕР СИТИ ДАДЕ 10
Повеќекратниот првак во ФА Купот, Манчестер Сити на Пеп Гвардиола го искали сиот бес од претходните слаби резултати против третолигашот Ексетер.
Сити славеше со неверојатни 10-1!
Ексетер и не е баш толку нисколигаш во англиската фудбалска пирамида но екипата од „Етихад“ просто беше многу подобра.
Сити стана прв тим од англиската Премиер лига кој дал 10 или повеќе голови уште од триумфот на Ливерпул против Фулам во Лига Купот во 1986-та, а прв ваков убедлив триумф во ФА Купот уште од фамозната победа на Тотенхем над Кру од 13:2 во 1960-та година.
Стрелци на головите?
Имаше многу, дури седуммина различни, а играчите на Ексетер си дадоа и два автогола. Рико Луис беше единствен двократен стрелец.
По еден гол дадоа Родри, Алејни, новајлијата и дебитант Семењо кој дојде од Борнмут за 72 милиони фунти буквално завчера, Рајндерс, О'Рајли и Мекаидо.
Пласман во шеснаестина финале на ФА Купот остварија уште и Сандерленд, Њукасл, Брентфорд, Барнли, Фулам, Вулверхемптон, Бирмингем, Ипсвич, Лестер, Оксфорд, Саутемптон, Стоук, Бристол Сити, Врексам, Гримзби, Бартон, Порт Вејл и Виган.