Страшен гол на Валверде во дербито, Реал го совлада Атлетико и оди на Барса

Супер дерби одиграа градските ривали во полуфинале на шпанскиот Супер Куп кој се игра во Џеда, Саудиска Арабија. На крај Реал после голема битка славеше 2-1 и закажа мега дерби со Барселона во големото финале.

Реал Мадрид и Барса ќе се борат пак за трофејот од шпанскиот Супер Куп кој веќе неколку години се игра во Џеда.

„Кралевите“ први го отворија резултатот и тоа со рекордно брз гол уште во 70' секунда од почетокот. Имаше Реал слобоен удар, Валверде распали како топ од 25 метри а Облак само ја проследи топката.

Реал продолжи офанзивно, имаше и повеќе од играта и повеќе шанси но им требаше време да ја зголемат предноста. Шанси не искористија Родриго, Винисиус и Белингем. Атлетико возврати преку Алекс Баена но Тибо Куртоа одбрани.

Во вториот дел во 54' минута конечно екипата предводена од Чаби Алонсо зголеми на 2-0. Стрелецот на првиот гол Федерико Валверде овој пат му асистираше на Родриго кој погоди за голема предност:

Но Атлетико Мадрид брзо се врати само три минути подоцна кога Симеоне центрираше а Норвежанецот кој со Халанд ја однесе Норвешка на Светско првенство 2026, Александар Сорлот го матираше Куртоа за 2-1.

До крајот имаше шанси на двете страни но мрежите мируваа и Реал Мадрид закажа дуел со големиот ривал Барселона во големо финале во недела од 20:00 часот по Средноевропско време.

9 јануари 2026 - 09:06