Измерена бучавата за време на пеналите на Мароко - Нигерија

Откако Сенегал предводен од сјајниот Садио Мане го совлада Египет и се планираше во големото финале на Африканскиот Куп на нации, истото подоцна синоќа го стори и Мароко но по далеку потежок пат, на пенали против Нигерија.

Мароко како домаќин на турнирот има огромна поддршка од трибините. Синоќа против Нигерија како и на сите досегашни натпревари домашните навивачи грмеа во текот на целиот дуел, а кога противникот имаше посед на топка, свирежите достигнуваа рекордна бучава.

Кулминацијата беше на пеналите кои дојдоа откако во основното време и продолженијата немаше пенали. Јунак на мечот беше голманот Боно кој блескаше и на Светското првенство 2022 за Мароко. Боно им бранеше пенали на Самуел Чуквуезе и на Бруно Оњемаечи. Мароко ќе има шанса да стигне до пехарот кој го чека уште од 1976-та година!

 

15 јануари 2026 - 11:13