Фудбал

Лудорија од гол на голман кој последен сфатил дека е стрелец

Ли Изи кој настапува за тимот на Кармартен Таун во првата фудалска лига во Велс, ја стартуваше 2018-та со својот прв гол во кариерата кој ќе го раскажува на внуците. Тој ја рогна до небо и потоа го чекаше исходот кој го дозна со задоцнување.

Лондонско дерби со две ремек дела и фото на годината

Фудбалерите на Тотенхем и Вест Хем одиграа здодевен натпревар на кој скоро пола стадион беше празен, а до 70-та минута мрежите мируваа. Потоа паднаа два проектили кои ќе конкурираат за гол на сезоната во Премиер лига

Галијани: Брат му на Балотели е лажго

Марио Балотели и неговата прва будалаштина во 2018-ма. Го победил брат му на ФИФА, ама овој не сакал да го признае поразот, па ги насамарил Нејмар, Фалкао и компанија сите заедно да го тролаат брат му дека е лажго. Вакво нешто би му текнало само на Марио и никој друг.

Ќе си платиш 100.000 евра казна за пијаната нова година

Додека неговите колеги објавуваа слики од мирна домашна атмосфера со богата трпеза, Раџа Наинголан за дочекот на новата година лудуваше како тинејџер. Спортскиот директор на Рома се појавил бесен.

Фудбалер од Чемпионшип добил 1 милион евра на лото

За ирскиот репрезентативец важи маалската ’Па како ќе добиеш ако не играш’. Додуше не играл ни тој, туку чичко му уплатил па му го дал тикетот како подарок.

Нова утка со ВАР, нервоза, црвен и отказ после полноќ

ВАР го уништува тоа малку од убаво што остана во нашиот фудбал, се вели во еден коментар на навивач на Торино кој со право критикува, нешто кое веќе е малку да помине само со критика.

И ова па головиве само 7 метри долги ги направиле

Арсенал и Челси синоќаа одиграа 2:2 во меч од Премиер лигата и сите 4 гола паднаа во второ. На вакво дерби, да добиеш ваква топка и да не ја искористиш може да ти простат само ако си бек, а и тоа тешко.

Круша под круша паѓа

Бергамашите го направија најголемото изненадување во досегашниот тек од Купот на Италија и после 22 години се пласираа во полуфиналето каде ќе го чекаат подобриот од мечот Јувентус - Торино. Аталанта славеше 1:2 а вториот гол го даде Папу Гомез чијшто син знаеше како тато ќе го слави голот.

Во оваа луда ера на милиони, нема никогаш да има господин како Дел Пјеро

Игуаин 90 милиони, Роналдо 94 , Бејл 100, Погба 105, Дембеле 105, Мбапе 180, Нејмар 222 се најскапите 7 трансфери во историјата, кои замислете заедно прават сума од скоро 900 милиони. Тоа се историски моменти со доза на забеганост, кои никогаш нема да бидат поубави од оваа приказна.

Детето кое направи сите во Германија да заборават на Филип Лам

За да го разберете фудбалот на Пеп Гвардиола потребно е да го гледате малиот Јозуа Кимих - дете на Штутгарт којшто во моментов е најдобриот играч на Германија и Баерн Минхен. А му викале дека е мал и дека нема да успее.

Катастрофалниот календар во Премиер лига по кој удрија Венгер, Мурињо, Конте и Гвардиола

Колку и да имаат пари за да ги намачкаат бутовите со најдобрите масти и мозок за тоа како и колку да се загреат и да ја темпираат формата, сепак не се роботи. Распоред им е до толку кнап, што ќе ги замразат празниците од премногу играње фудбал.

Од другата страна на фудбалот со најголемите ѕвезди

Роналдо, Меси, Нејмар, Мбапе, Погба, Балотели, Лавеци, Дани Алвеш, Рибери и компанија многу добро знаеме како играат фудбал, ама не знаеме баш што прават кога не играат фудбал. Изборот на годината со нивни будалаштини и заебанции е о д л и ч е н. 

Луди Англичани, за 7 минути дадоа 4 гола

Не е само Боксинг деј празник на кој Англичаните знаат да се изнапукаат со голови. Внимавајте како ја почнаа годината фудбалерите на Фулам и тоа со помош на дете родено 2000-та година за кое гризат Реал и Манчестер Јунајтед.

Бергамо ги пречека хероите од Неапол

Со головите на Кастање и Папу Гомез, најголемото изненадување во Италија сезонава го направи неочекуваното и го исфрли Наполи од Купот сред „Сан Паоло“. Наградата стигна доцна вечерта од своите навивачи дома. Аталанта се пласираше во полуфиналето на Копа Италија после цели 22 години.

Манчестер Сити од едно друго време и со една друга игра

Премиер лигата се формираше во 1992-ра и веќе следната година добија 20 секунди фудбал кој ако ги погледне човек ќе помисли дека гледа аматери. Фудбалерите на Манчестер Сити се бранат против КПР на најочаен можен начин и прават грешки како тој ден прв пат да гледаат топка.

Најлошиот слободен удар во историјата на Премиер лига

Роберт Хут е Германец со најмногу настапи во Премиер лигата. Таму е од 2001-ва и има играно за Челси, Мидлсброу, Стоук и Лестер. Тој е автор и на удар кој може да се објасни само со тоа што го прочитавте во насловот. Се случи пред 2 години и тешко дека ќе се повтори.

Најубавите 100 гола во 2017

Во изминатите 365 дена се изнагледавме фантастичен фудбал но и маестрални голови за кои ќе се зборува од генерација на генерација.

Фудбалерот на Рома кој се направи дрво за нова година

Мундијалот во Русија кој стартува на 14 јуни налага побрзо завршување на сезоната, а тоа значи позгуснат распоред во домашните првенства. На Наинголан изгледа му е преку такво од фудбал без пауза, па реши да се опушти.

Најинтересни фудбалски моменти по кои ќе се памети 2017

Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.

Како Балотели поминува на детектор за метал

Никогаш немојте да помислите дека сте виделе сè од Марио што се однесува на глупоштини. Ако овој човек го следи камера 24 часа на ден, од тоа сигурно ќе призлезе најјакото реално шоу во кое учествувал некој фудбалер. Многу ни е криво што видеово трае само минута и кусур.

Сите 54 голови на Меси во 2017-та

5 од слободен удар, 10 од пенал и уште 39 од игра. Тоа е учинокот на волшебникот на Барселона изминатата година кој поради незапирливиот Кејн кој даде 56 е на втора позиција. Ја гледате компилацијава и мислите дека е скијање.

Влијанието на Погба во Манчестер Јунајтед

Оваа сезона постојат две верзии на Манчестер Јунајтед. Тоа се Манчестер Јунајтед со Пол Погба и Манчестер Јунајтед без Пол Погба. Мурињо и навивачите на Олд Трафорд ја сакаат првата.

Адебајор е маж на годината

Емануел Адебајор го посинил синот на неговиот постар брат Питер којшто починал во јули 2013-та. Некогашниот центарфор на Арсенал, Тотенхем, Реал Мадрид и Манчестер Сити за оваа хумана вест објавил на официјалниот профил на Instagram. Тоа е најдобар подарок за Нова година за малиот Џуниор.