Што работеше полицијата во Исланд за време на мечот со Аргентина

99,6% од луѓето во Исланд во саботата од 15 до 17 часот го правеле истото. Ја гледале својата репрезентација како му вади нерешено на Меси и компанија. Едни од малкумината кои не можеа да гледаат беа на полициска должност.

Според телевизиските податоци од Исланд, натпреварот од првото коло на Светското првенство кое го играа против Аргентина донел рекордна гледаност во оваа земја.
 
Се зборува за 99,6% гледаност во островската земја која брои околу 334.000 жители.
Во тие 0,4 влегува Гунар Рунар Свеинсон, полицаец од Рејкјавик кој бил на работа за време на натпреварот. Ова била неговата интервенција додека бил на смена:
„Во исто време кога Серхио Агуеро постигна гол за Аргентина за 1:0, добивме известување за повредена патка во Сандахверфи во Копавогур“, изјавил Свеинсон.
Кога тој заедно со своите колеги заминале на местото на настанот, со патката се било во ред.
Втората работа со која полицијата морала да се справи за време на мечот е да прегледува пасоши на аеродром.
 
Со оглед на тоа што веројатно тоа со патката било лажна тревога, значи дека овие се бајчиња кога ќе им пуштиш фудбал, а гужвата пред телевизор не ја користат ниту крадците, ако ги имаа воопшто меѓу тие 300 и кусур илјади.
 
Атмосферата во Рејкјавик кога Исланд го постигна деби голот на Светските првенства.
19 јуни 2018 - 13:20