Фудбал

Салах добил милион гласови на претседателски избори

Не е непознато и кај нас на избори под имињата на кандидатите да се допишуваат Мики Маус, Чак Норис или Спајдермен, но во Египет народот непосредно покажал во кого има голема доверба.

Табелата во Серија А ама без најважните судиски грешки

Италијанските медиуми стално се оптоваруваат со работата на судиите и секоја сезона објавуваат табели тргајќи ги настрана оние апла судиски утки кои влијаат на конечните резултати. Јуве и Наполи и во таква ситуација би останале во борба за титулата.

Гатузо во улогата мој, мој преку мој

Со пет победи по ред во Серија А, Џенаро Гатузо го освежи Милан и го приближи до местото кое води во Лига на шампиони. Од управата најавија дека ќе му го продолжат договорот, а на пресот пред мега-дербито со Јувентус, новинарите по којзнае кој пат го закачаа за договорот па му пукна филм.

Мурињо до Пандев: Ако потпишеш за Интер ќе ја сменам формацијата

На 4 јануари 2010-та година Горан Пандев потпиша договор со Интер за годишна плата од 3 милиони евра. Поради силната конкуренција не верувал дека ќе добие толкава минутажа, но кога ќе вети Жозе ветено е.

Зошто треба секогаш да ја пратиш топката кога си на стадион

Затоа што во спротивно знае многу да боли.

Скендербег и го сруши рекордот на Победа со казната од УЕФА

Албанскиот прволигаш во следните 10 години Лига на шампиони и Лига Европа ќе може да гледа само на телевизија. Толку изнесува суспензијата која ја доби од Европската куќа на фудбалот. Не наместиле многу мечеви, само 53.

Ефектот Гатузо

Откако Џенаро Гатузо стана тренер на Милан со несвојствена плата од 10.000 евра месечно, само Јувентус и Наполи освоија повеќе бодови од него во Серија А. Новиот спој на играчи со кои Монтела не успеа да ги спои коцките и се мачеше на средина на табела, Рино го избутка до финале во Куп, а во игра е и за место во ЛШ каде заостанува -5 бода зад четвртата позиција. Што е најважно, човекот со својот темперамент внесе некоја енергија и победнички менталитет.

Автогол на голман за кој се нема разбирачка

Сме објавиле секакви неочекувани автоголови меѓу кои кои преовладуваат дефанзивци со разно разни несмасни реакции. Ама што се случи во Етиопија се коси со секоја логика. Што е најтрагаично со потегов им поклони 3 бода.

Како Алекс Фергусон само еднаш во кариерата бил селектор

Единствениот пат кога славниот Шкот тренирал репрезентација било во 1985-та година кога тогашниот селектор на Шкотска починал на сред меч и останале без предводник.

Запамтете го детево по име Лучанињо

Не се секирајте, по Меси и Роналдо нема да престане фудбалот бидејќи за некоја година ќе стават нога на светската сцена некои нови клинци и нивни потенцијални наследници. Еден од нив е бисерот на Фламенго кој на 12 години дава голови со сув лист од кај сака и не за џабе е таргет на Реал и Барса. Малиот е лудило, головите од паркинг му се рутина.

Почина скаутот на Интер кој го улови Горан Пандев

Работеше 18 години за Нероаѕурите и беше познат како инспиратор и ресурс за италијанскиот фудбал. Немаше утка тоа што ќе го види неговото око, а тоа се гледа и по имињата кои ги откри. Казираги ги меркаше децата и на најутепаните терени.

Газдата суспендиран на три години, ПАОК казнет со три бода

Хаосот во грчкиот фудбал продолжува откако раководните луѓе на лигата решија да му одземат три бода на солунскиот клуб кој брка титула после цели 29 години. Во меѓувреме во Пиреа нереди на навивачите на Олимпијакос кој мислат дека властите го помагаат ПАОК.

Судиска одлука на сезоната која не е лошо да стане правило

Сте слушнале ли за идејата: Ќе бидеш суспендиран онолку време колку што ќе биде отсутен играчот кој си го повредил? Епа ете ја на дело во Бразил, сосем исправно.

Кинезите забранија тетоважи во репрезентација

Владата на најмногубројната земја на светот издала налог со четири принципи за високо-морално однесување во јавност. Ќе се црташ по раце и нозе ама ќе носиш долги ракави и завои.

Перверзната шега на Мертенс

Во термините за пријателски, Белгија очекувано ја суреди Саудиска Арабија со 4:0, а напаѓачот на Наполи твитна неочекувано за својот колега и напаѓач на Манчестер Јунајтед.

Тоти му должи вечера на Михајловиќ за дебито во Рома

Пред 25 години во Бреша дебитираше најважната 10-ка во историјата на Рома, за многумина најдобар италијански фудбалер на сите времиња. Газета дело Спорт до детали го опишува тој историски ден за Серија А од едно друго време кога уште не постоеше Гугл.

Луис Кук заигра за Англија и на дедо му му донесе 17.000 фунти

Минатиот петок пишувавме за дедото на еден англиски фудбалер кои пред четири години кога внук му славел 18. роденден, ставил многу пари дека малиот Луис ќе заигра за „Гордиот Албион“. И ене го сега, чека исплата.

Мохамед Салах може и преку ѕид, прашајте ги децава

Ливерпул ги има можеби најдобрите акции за навивачката база ширум Британија. Последна им беше кога на деца им ветија дека тие што најдобро ќе коментираат фудбалски меч, ќе го запознаат Египќанецот.

Мангупска кражба од 2 милиони евра од трансферот на Де Врај

Касата на Лацио е олеснета на хакерски, ама и наивен начин за трансфер стар 4 години. Кај фрлија пари во бунар, па уште и без играчот ќе останат за две месеци.

Дај друго дете

Лоренцо Инсиње во моментов важи за најдобар италијански фудбалер и предводник на новата генерација млади играчи кои мора да ги оправат „Аѕурите“. Ама како за инает, дека е висок 162 сантиметри, во последно време организаторите се му даваат најголемо дете пред мечот па изгледа како тој да е пратња.

Една баш ретка мајсторија на мал фудбал

Бето е Бразилец. Играше во шпанската футсал лига а денес игра за белорускиот состав Сталица. Последните негови потези беа мајсторски.

Каналите на ФФМ

Седат челните луѓе на ФФМ на важна средба со врвот на ФИФА. Сред напнатиот состанок, на Илчо му стигнува нотификација на мобилниот. Погледнува за што се работи, им се извинува на присутните, станува и оди во WC, да види што ново направило „Смешното мече“.

А ти го знаеш грузискиот Кварежма?

Во шумата пријателски синоќа, Грузија со 2-0 ја победи Естонија. Вториот гол кој во 35’ минута го даде Валери Казаишвили беше елеганција во движење.

Меси крена раце и си отиде на шестиот гол за Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија ја прегази Аргентина со 6-1, а кога петтиот и шестиот гол паднаа во рок од неколку секунди, најдобриот играч на светот кој од ложата ја гледаше пријателската реши да стане и да замине пред време.