Вака изгледа составот на 11 најплатени играчи во Серија А сместени формациски. Со исклучок на Роналдо за кој веќе е добро познато дека се договорите за астрономска сума за италијански услови, сите останати играчи се под 10 милиони евра по сезона. Игуаин направи одличен дил со Милан, а по него следуваат неговите довчерашни клупски колеги Дибала и Пјаниќ.
Во Интер најплатените двајца се Икарди и новодојдениот Наинголан, во Лацио Имобиле и Леива, а во Милан по Игуаин следува Донарума кој по шпанската серија си одам, не си одам, му го продолжија договорот со плата за мерак на тие години.
Наполитанците најмногу го кешираат Инсиње, а во Рома најплатен е Џеко.
Пандев во Џенова во ветеранските години игра за 500.000 евра по сезона, плата која ја земаше и во Лацио, во Фиорентина најплатен е синот на Енрико Киеза, а во Киево, Емполи и Фрозиноне нема играч кој има милионска плата.
Вака изгледа годишниот буџет на сите италијански прволигаши и годишната плата на најплатените играчи во Европа. Јувентус се двои на челната позиција, пред Милан и Интер. Меси има годишна плата поголема од буџетот за плати на 14 екипи.
Вака се движел вкупниот годишен буџет на сите 20 екипи во последниве 10 години.
Од тренерите најплатен е Алегри со 7,5 милиони по сезона, па Анчелоти со 6,5, а трет е Спалети со 4,5. Гатузо работи во Милан за 2 милиони по сезона, а Пипо Инѕаги за 600.000 евра, двојно помалку од брат му во Лацио.