Со ваква неубедлива игра и само еден освоен бод по првите две кола, селекцијата на Аргентина е многу далеку од освојување на титулата, ама затоа меѓу нив сепак има шампиони кои вешто се обидоа да го сокријат тоа.
Политичката сензибилност и општествената свест на Џака и Шаќири се неразвиени. Требаше да пуштат вечерва да зборува само фудбалот, напиша германскиот весник Ноје цирхер цајтунг. И место да ја стиши атмосферата и да се осврне на фудбалски извештај од мечот, истото го повтори и еден швајцарски новинар.
Белгиецот Раџа Наинголан е четвртото засилување на Интер кој се остри за Лига на шампиони. Го купија од Рома за 20 милиони евра за да го засилат средниот ред. Не дека не е одличен, ама навивачите експлодираа како Кристијано Роналдо да дошол.
Мина, Фалкао и Квадрадо ја декласираа Полска и ѝ ја донесоа првата победа на Колумбија која во третото коло ќе има директен дуел со Сенегал за осминафинале.
Со голот на Тони Крос во 95-та минута, Германците ја совладаа Шведска и останаа во игра за осминафинале. Дечкото што го имаше врвниот коментар за Хјустон, сега го има за Германија.
Рекордерот и главниот прогнаник на Светското 2018 има сериозни забрани. Верувале или не, за 39-годишниот капитен на Мексико и некогашен фудбалер на Барселона Рафа Маркез Светското 2018 е петто во неговата кариера.
Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.
Иако губеше на полувремето, со страшниот гол на Тони Крос, Германија во 90+5’ минута ја победи Шведска со играч помалку и се врати на голема врата на мундијалската сцена.
Ако можеа да го треснат Светскиот шампион, тогаш зошто би им претставувала проблем една Јужна Кореја. Два меча, две победи за јужноамериканците кои си го продолжуваат патот на СП Русија. Голчиште на Ми Сон, ама дури во 93-та.
Тетовски портал објави едно “нормално“ и “едукативно“ видео за славење на голови. Насловено е: „Албанецот не се држи до емоциите, го стрела пиштолот во куќата по голот на Шаќири“. И после зошто ги зборат дека вака се радуваат и на свадби.
Стефан Лихштајнер е еден од четворицата Швајцарци во мултиетничката селекција на Швајцарија во која се зборува на 10 јазици. Џердан Шаќири и Гранит Џака при прославата на головите против Србија гестикулираа со двоглавиот орел бидејќи по потекло се од Косово, ама па што има Лихштајнер со тоа? Ништо чудно и појма да нема што значи тој знак со рацете.
Селекцијата на Србија е бесна за контроверната судиска одлука во ситуацијата кога Александар Митровиќ беше соборен во шеснаесетник. Селекторот удри на Инстаграм, а на нивна страна е и Рио Фердинанд.
По низата не баш ефикасни натпревари во второто коло, конечно видовме голеада на Светското во Русија. Селекцијата на Белгија го декласираше Тунис со 5:2 и му се приклучи на осминафиналното друштво составено од Русија. Уругвај, Франција и Хрватска.
Иако постигнаа брз гол по само 5 минути игра, фудбалерите на Србија паднаа физички во вториот дел и го загубија мечот кој ќе ги однесеше во осминафинале. Џака и Шаќири го направија пресвртот по кој сега три селекции во трето коло ќе водат битка за нокаут фаза.
Нигерија и Исланд го одиграа првиот меѓусебен натпревар во историјата со оглед на тоа што Скандинавците се дебитанти на Мундијал и Африканците славеа со 2:0. Сега во групата сè е можно а најмногу се надева Аргентина.
Во второто коло од групата Е на Светското првенство, Костарика оддолеваше до 91’ минута кога Кутињо го скрши отпорот, го совлада Кејлор Навас за на крај Нејмар да го запечати триумфот.
Во сето тоа лудо славје на Хрватите кои славеа победа против Аргентина и пласман во осминафинале, на новинарот на ХРТ му се сипаа неколку навивачи од оние кои сметаат пред камера и две навивачки кои со добра намера му влетаа блиц. Дечкото успеа да се изгради за простор и си кажа сè што науми. Добро изведено на целиот тој хаос. Покачете му дневница.
На тие што ги следеа мундијалските квалификации во Јужна Америка, можеби и не им е многу чуден овој расплет со Аргентина кој денеска може да биде кобен. Гаучоците беа пацери во речиси секој меч и кркаа срам со една Венецуела која не успеаа да ја победат во два наврати.
Бил тренер на хрватскиот скромен клуб Вартекс и додека чекал повик од Хајдук или Динамо на телефонот му се појавил арапски број. Набрзо сфатил дека во животот најголемите победи се остваруваат со макотрпна работа и поднесување жртва.