
Ова не е прва ваква акција на клубот од Ајндховен кој секој септември на гости ги кани родителите со мали деца и им нуди можност да се фотографираат на стадионот и на теренот.
Единствен услов за ваква екскурзија е малите да не се поголеми од една година.
Кампањата „од детство за ПСВ“ никогаш не била толку актуелна како годинава.
По „турнејата“ низ легендарниот стадион, родителите и малите дечиња направиле заедничка фотографија со маскотата Фокси (Phoxy, не Foxy, како алузија на генералниот спонзор компанијатаPhillips).